| Одржани две предавања за политики за приватност за претприемачи |
|
|
|
| 06.12.2011 |
|
Со цел зголемување на свеста за заштита на приватноста на корисниците на интернет кај припадниците на клучни целни групи, во текот на есента 2011 тимот на Метаморфозис одржа две презентации во рамките на обуките за отворање е-продавници организирани од Ексквизит во Јес инкубаторот. Презентациите опфаќаа запознавање со законските обврски во однос на заштитата на лични податоци преку претставување на ресурсите развиени во рамки на проектот Иницијатива за приватност на Интернет (Online Privacy Initiative – OPI) „Заложба за заштита на приватноста“ и Водичот „Како до политика за приватност“. Презентациите беа одржани во просториите на Јес инкубаторот во нас. Аеродром во Скопје на 27 септември 2011 г., со 12 учесници и на 5 декември 2011 г., со 9 учесници. Две презентации од овој тип веќе беа одржани во мај и јули, кога учествуваа 39 учесници. Во дискусиите по презентациите, учесниците, кои опфаќаа претставници на етаблирани фирми кои се занимаваат со трговија вон Интернет и сакаат да започнат да работат и во оваа област, како и млади претприемачи на кои отворањето е-продавница им е прв бизнис, изразија интерес за законските обврски и предвидените казни, како и пошироката област на приватност, особено шпијунирањето од страна на корпорациите. |