Во средината на 2009 година, Џорџ Сорос го основа Ургентниот Фонд од 100.000.000 УСД за поддршка на хуманитарни проекти за помош на луѓето погодени од кризата и за помош на граѓанските организации во приспособувањето кон променетите околности во 20 европски и азиски земји. Од јуни 2009 година до декември 2011 година, Фондацијата отворено општество - Македонија распредели 3.613.872 УСД добиени од Ургентниот Фонд.
за плаќање на тримесечни придонеси за пензиско и инвалидско осигурување за 43 земјоделци од Св.Николе, набавка на суровини за 46 винопроизводители од Кавадарци и 25 сточари и 21 тутунопроизводител од Конче
за поддршка на млекопроизводителите од Могила: правна помош, еднократна помош за покривање на итните ненамирени трошоци, опрема за производство на добиточна храна
за поддршка на 24 семејства со мали приходи од Истибања: тримесечен ангажман на 24 жени со занаетчиски вештини, набавка на потребниот материјал за производите, дизајнирање на веб страна и каталог за промоција на производите и регионот
за проектот "Слобода наместо страв: Заштита на правото на мирно собирање и изразување јавен протест": обезбедување професионална правна помош на лицата на кои им биле ограничени или повредени овие права
за поддршка на занаетчиите: реновирање на продажните места за заедничка продажба на производите, организирање на специјализирани работилници за млади занаетчии, креирање веб страна и каталог за промоција на производите и регионот, учество на локални и регионални саеми заради промоција на традиционалните занаети
за проектот "Перики за пациентките на хемотерапија" кој опфати 300 жени кои не можат да обезбедат перики по хемотерапијата
за донирање заштитна опрема при користење хемикалии и заштита од зелената тутунска болест на 800 регистрирани земјоделци од прилепските села
за проектот "Стручни тримесечни обуки за градежни работници", со кој беа опфатени 50 граѓани со ниски приходи на возраст од 18-35 години од Скопје за кои беше обезбедена и пракса преку програмите на "Хабитат – Македонија"
за проектот "Иницијативи за социјално одржлив развој на земјоделците од пелагонискиот регион": бесплатни експертски совети, помош при комуникација со државните институции во врска со користењето на социјалната помош, зголемување на знаењето за правата и обврските од договорите со тутунските компании, унапредување на организационите капацитети на здруженијата на земјоделците
за проектот "Знакот е гласен" со кој се овозможи пристапот на глувите лица и лицата со оштетен слух до изведувачките уметности. Трите премиерни претстави беа изведени пред 10.000 млади гледачи
за проектот "Образовна акција за деца од семејства-корисници на социјална помош": дополнителна помош за учење надвор од училиштето заради успешно завршување на одделението и преминување во следното одделение во основното образование, со учениците работат наставници кои ја изгубиле работата поради економската криза или поради политички причини
реализиран од Фондацијата отворено општество – Македонија, кој промовира култура на разумно трошење и рационално донесување одлуки за сопствената финансиска иднина: три работилници за управување со долг за 60 учесници (домаќинства од средната класа кои се соочуваат со финансиски проблеми), блог портал за финансиска едукација и советување на младите кои штотуку влегуваат во групата на работоспособни лица, прирачник за водење лични финансии
наменет за алтернативни културни иницијативи со кои се зајакнува општествената солидарност, се промовираат вредностите на отвореното општество и се создава простор за културно изразување на младите во периодот на економска рецесија низ развивање на соработката и градењето партнерства во регионот
за подготовка на претставата "Заспаната убавица" и шест изведби во Гостивар, Тетово и Дебар
за "Школата за проектен менаџмент во културата" (Европска диплома за проектен менаџмент во културата)
за проектот "Стоп за политичкиот мобинг": едукација за 400 учесници и единица за советување
за проектот "Едукативен дневен центар за деца на улица" во Шуто Оризари: дневна грижа за 80 деца, продолжување на образованието за деца на возраст од 14-16 години и успешно завршување на училишните години, информирање на родителите за нивните права и законски обврски
на проектот "Дневни центри за млади и возрасни": три центри (Скопје, Охрид и Радовиш) за дневна грижа за 66 лица со пречки во интелектуалниот развој
реализиран од Младинскиот образовен форум – Скопје во партнерство со Младинскиот културен центар - Битола, Фондацијата за развој на локалната заедница - Штип и Здружението за развој и активизам АКВА – Струга: Зајакнување на младинскиот активизам и учество преку поддршка и промовирање на финансиската, политичката и културната автономија на младите. Во неформалната мрежа на младински центри формирани во 5 универзитетски градови (Скопје, Тетово, Струга, Битола и Штип) повеќе од 1000 студенти учат и практикуваат активизам, дебати, уметности и нови медиуми: Реализирани повеќе од 50 младински настани со над 6000 посетители. Дополнително, учествувајќи во двомесечни обуки за работни вештини 500 млади станаа поконкурентни на пазарот на трудот
што го спроведе Фондацијата отворено општество – Македонија: 19.636 ученици од 308 основни училишта добија училишни чанти и по 4 пакети со училишни материјали (по еден во секое полугодие од двете учебни години), 11.037 ученици во погорните одделенија од основното образованиево своите пакети имаа и географски атласи. Изборот на учениците беше направен во соработка со училиштата, при што предност им беше дадена на ученици чии родител/и ја изгубиле работата поради економската криза; ученици кои живеат во семејства со двајца невработени родители; деца на самохрани родители; ученици без родители и други ученици со потешкотии во обезбедувањето на потребниот училишен материјал. Дел од буџетот беше искористен за набавка на пакети со училишен материјал за 1.169 ученици со посебни потреби и ученици кои живеат во згрижувачки семејства или домови за деца без родителска грижа
за проектот "Создавање приходи преку собирање пластика за рециклирање": обука за 350 лица за собирање и селектирање на пластика, како и за здравствените ризици, обука за 8 лица за промовирање на селектирањето/собирањето на отпадот и за преговарање со претставници на домаќинствата и деловните објекти за организирано селектирање/собирање на отпадот, изработка и дистрибуција на 300 постери и 5.000 флаери по домаќинствата, деловните објекти и други институции, 1.600 рамки со држачи за пластични кеси поставени на 160 одбрани локации во 4 пилот-реони во Скопје, собраните 20 тони ПЕТ и друг пластичен отпад месечно обезбедуваат редовен приход за 180 домаќинства, претежно Роми
на проектот "Отплата на кредити за малите бизниси" за репрограмирање на микро-кредитите на околу 250 клиенти, како и техничка помош од 36.546 УСД за едукација на клиентите и персоналот на "Хоризонти"
за проектот "Македонија, заедница за сите" за шестмесечни трошоци (втората половина од 2011 година) за домување на 32 лица со пречки во интелектуалниот развој кои претходно престојувале во Специјалниот завод Демир Капија. Првите шест месеци се обезбедени со 234.382 УСД од програмата Иницијатива за ментално здравје на Фондациите отворено општество – Будимпешта
за тригодишниот проект за легализација на домувањето на Ромите: бескаматни микрокредити за купување на земјиштето, геодетскиот елаборат и давачките; бесплатни правни и градежно - технички совети. Во буџетот на овој проект учествува и Ромската информативна канцеларија на Фондациите отворено општество со 430.728 УСД и "Хабитат-Македонија" со 55.817 УСД.
ќе биде распределена на некогашните центри за поддршка на НВО во девет градови заради обезбедување на нивната одржливост во 2012 година.