nav-left cat-right
cat-right

За нас

Веб-сајтот „Дигитални складишта“ е развиен од страна на фондацијата Метаморфозис во рамките на проектот „Иницијатива за отворен пристап во Македонија“ кој се реализира во две фази:

  • подигнување на јавната свест – организирање на јавни настани, како што се предавања и работилници коишто се одржуваат во академските институции и се бидат наменети за предавачи и студенти
  • директна соработка со академските институции (факултети) коишто, исто така, се издавачи на локални научни списанија во нивните области. Метаморфозис може да понуди знаење, софтвер, веб-хостинг и други форми на помош за институциите што се волни да направат веб-сајтови за нивните списанија, на македонски и англиски јазик.

Отворениот пристап се дефинира како слободна достапност на дигитални содржини на интернет. ОП е најпознат и најпогоден начин за рецензирани научни и академски написи коишто истражувачите ги објавуваат без да очекуваат да бидат платени за тоа.

  • Share @ Ping.mk