Фондацијата Метаморфозис е посветена на заштита приватноста и интегритетот на личните податоци со кои доаѓа во контакт во текот на своето работење. Во овој документ за применета политика за приватност (privacy policy) се назначени видовите лични податоци кои ги примаме и собираме при користење на веб-сајтот „Дигитални складишта“ изработен од Фондацијата Метаморфозис (metamorphosis.mk/digitalniskladista), како и некои од чекорите кои ги преземаме за нивна заштита.
Ве молиме внимателно прочитајте ја оваа Политика на приватност. Можете да пристапите до Политиката на приватност во секое време на веб-адресата http://www.metamorphosis.mk/digitalniskladista/politika-za-privatnost. Вашето користење и/или регистрација на кој било дел од веб-сајтот значи прифаќање на оваа Политика на приватност. Доколку не се сложувате со условите во оваа Политика на приватност, Ве молиме не користете го веб-сајтот. Оваа Политика на приватност не опфаќа информации собрани на други места, вклучително, но не ограничувајќи се на информации собрани офлајн и на веб-сајтови до кои се поставени линкови на веб-сајтот.
Применетата политика за приватност на Фондацијата Метеморфозис се заснова на Законот за заштита на лични податоци на Република Македонија. Во електронска форма, пречистениот текст на Законот (ПДФ) може да се симне од веб-сајтот на Дирекцијата за заштита на лични податоци на РМ (dzlp.mk).
Основни одредби
Користење колачиња (кукија)
Веб-сајтот на Метаморфозис користи колачиња или кукија (cookies) во следните случаи:
Веб-сајтот Дигитални складишта го користи системот за управување со содржини Вордпрес. Во случај персоналот на Метаморфозис да има сознанија дека негови екстерни компоненти (модули) поставуваат и дополнителни колачиња, нивното однесување ќе биде дополнително наведено во овој оддел на политиката за приватност.
Серверски логови
За секој од веб-сајтовите на Фондацијата Метаморфозис соодветниот веб-хостинг провајдер води логови на серверот, во кои се запишува IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и преземена датотека од сајтот, за секоја таква операција. Со овие логови се постапува во согласност со општите одредби, или индивидуалната политика за приватност на провајдерот, кој е задолжен да постапува во рамките на Законот за заштита на личните податоци и Законот за електронски комуникации на РМ.
Според важечките прописи во РМ, правните лица кои обезбедуваат интернет-услуги се должни да ги чуваат податоците за сообраќајот (содржани во серверските логови) минимум 24 месеци по нивното создавање со цел да бидат на располагање на соодветните истражни органи, во постапка регулирана со закон.
Хостинг сервисот за веб-сајтот Дигитални складишта го обезбедува компанијата Сонет (Сонет ДОО Скопје, бул. Партизански одреди 72а, 1000 Скопје, www.sonet.com.mk, info@sonet.com.mk оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ).
Екстерни бројачи на посети
Заради зголемена транспарентност и споредбени анализи, веб-сајтот Дигитални складишта користи два екстерни бројачи на посети: Сајт митер и Гугл аналитикс, обезбедени од компании лоцирани во САД кои се под јурисдикција на тамошните закони. Комуникација со екстерните бројачи се остварува со вметнување на код обезбеден од нивна страна во страници на веб-сајтот Дигитални складишта. При вчитување на таква страница кодот се активира, со што на екстерниот бројач му обезбедува пристап до следните податоци за посетителите: IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и посетени веб-страници од сајтот во кои е вметнат кодот од бројачите.
Е-пошта
Податоците кои посетителите ги испраќаат доброволно преку е-пошта и формуларот за контакт се сметаат за службена тајна и се чуваат во согласност со општите одредби и правилата и прописите за архивско работење. Тука спаѓаат и нивната адреса за е-пошта, име, презиме, поштенска адреса, телефон, фотографии итн.
Преписката со персоналот на Метаморфозис во било која форма станува дел документарниот материјал кој Фондацијата е обврзана, во зависност од карактерот на преписката, да го чува од 1 до 5 години, врз основа на член 12 од Упатството за начинот и техниките на постапување со документарниот материјал и архивската граѓа во канцелариското и архивското работење (Сл. Весник на РМ бр. 60/97).
Контакт
За сите прашања поврзани со Вашите лични податоци складирани од страна на Фондацијата Метаморфозис обратете се директно до канцеларијата преку било која од стандардните можности за контакт.
Фондација Метаморфозис
ул. „Апостол Гусларот“ бр. 40
1000 Скопје, Македонија
е-пошта: info [на] metamorphosis.org.mk
тел/факс: +389 (0)2 3109 325