SWORD (Едноставна веб-услуга за депонирање во складиште)
Повеќе информации се достапни на веб-страницата SWORD
За складиштата да бидат меѓусебно интероперативни, а и со другите внатрешни системи, тие мора да ги почитуваат договорените протоколи. SWORD е вообичаен интерфејс за депонирање материјал во складиште.
Што е SWORD?
SWORD значи Едноставна веб-услуга за депонирање во складиште. Во своето основно ниво, SWORD дозволува два вида интеракции со складиштето:
- Прашање до складиштето за да се открие во кои колекции може корисникот да депонира материјал
- Депонирање во една колекција на складиште
Наместо да се имплементира цел нов стандард, SWORD е профил од Atom Publishing Protocol (AtomPub). AtomPub често се користи за софтвер за блогови за да се обезбеди постирање од далечина на теми во еден блог и, исто така, ја формира основата за други добропознати стандарди, како што се GData, од Google Data API.
SWORD го користи AtomPub, но го проширува со специфични екстензии за складишта кои го приспособуваат за да биде во согласност со начинот на кој ги користиме складиштата. Тоа ни ја пружа придобивката од користење нашироко прифатени стандарди, но со спецификите кои се бараат од домејнот на складиштето.
Како функционира SWORD?
Типично депонирање со SWORD се одвива во два чекора.
- Во првиот чекор типично се бара од корисниот да обезбеди корисничко име и лозинка, со што софтверот на складиштето може да конструира документ за услугата. Овој документ ја опишува колекцијата во која корисникот може да депонира материјал.
- Откако еднаш корисникот ќе одлучи во која колекција сака да депонира материјал, го праќа фајлот до УРЛ на депозитот на таа колекција. Складиштето ќе го прифати материјалот и ќе го процесира низ претходно одредените процеси.
Корисниците не работат директно со SWORD; тие користат алатка за клиенти, на ист начин на којшто работиме со веб-страници преку веб-пребарувач. Клиентите на SWORD можат да бидат:
- Самостојни апликации кои се интегрирани во веб-пребарувачи
- Вградени во работни процеси на издавачи за депонирање материјали автоматски во институционалното складиште на еден автор
- Вклучено во друг софтверски производ, како што се ворд процесори
- Вклучено во веб-страници, како што се сајтови за општествено дружење каде што еден депозит може да вклучи аларми и да испрати известувања до други колеги, известувајќи ги за новиот материјал.
Една од придобивките од користењето на стандардизиран протокол за депонирање во складиште, како што е SWORD, е тоа што корисникот има слобода на избор кој клиент на SWORD ќе го користи, во зависност од нивните преференци за работа и институцијата е слободна да избере кое складиште ќе го имплементира, бидејќи сите клиенти и складишта ќе соработуваат меѓусебно. На веб-страницата на SWORD се наоѓа листа на клиенти и кодови на библиотеки на кои може да ги запишете вашите клиенти.
Како може да се користи SWORD?
Има неколку сценарија каде што може да се користи SWORD:
Десктоп алатка за депонирање: Наместо директна интеракција со складиште, авторите може да депонираат преку кориснички ориентирана десктоп апликација
- „Сними како“ во ворд процесор: Авторите може да депонираат материјал директно во складиште користејќи ја функцијата „Сними како“, како додаток на нивниот ворд процесор, со што се депонира материјалот во складиштето наместо да се сними на диск
- Повеќекратно истовремено депонирање: Ако корисникот треба да ја депонира својата работа и во институционално складиште и во складиште на финансиер, тие може депонирањето еднаш да го направат и потоа може да се искористи SWORD за да се спроведе другото депонирање
- Депонирање со машини: Лабораториската опрема може да депонира резултати од експерименти во складиште, без да се бара човечка интервенција
Која е разликата помеѓу SWORD и AtomPub?
SWORD додаде повеќе екстензии на AtomPub за да може да се вклучи во начинот на кој функционираат складиштата. Тие екстензии се:
- Дозволување да се изврши депонирање во име на друг корисник. Преку конфигурација на опции, лицето кое го врши депонирањето може да каже дека депонира во име на друг корисник. Депозитот ќе биде дозволен само ако корисникот има право да депонира за друг корисник. Оваа услуга може да се користи кога агентот (лице или машина) депонира за друг корисник
- Наместо да се депонираат поединечни фајлови, SWORD дозволува депонирање пакет, заедно со опис на тој пакет. Пакетот мора да биде зипуван фајл или метадата и содржински фајлови, како што се ИМС пакет
- Дополнителна метадата, како што е колекција на стратегии може да се опише во документот за услуги
- Постојат екстензии кои се пријателски насочени кон креаторот со кои може да бара подолг извештај за тоа што направил серверот и да направат депозит „без операција“, што е само тест и со тоа не се става материјал во складиштето.


