nav-left cat-right
cat-right


RSS/Atom

RSS и Atom фидовите се обата стандарди за обезбедување фидови со информации од складиштата. И обата стандарди им овозможуваат на интернет-корисниците да бидат во тек со новите содржини на бројни интернет-страници, без да мораат да ја посетат секоја поединечна страница. Складиштата можат да се конфигурираат да обезбедуваат информации за корисниците за новата содржина преку RSS или Atom.


Како работат RSS и Atom?

И RSS и Atom се стандарди засновани на ХМЛ кои работата влечејќи ги информациите на едно место за корисникот, за оддалечено прикажување во фид читачи. Интернет-страниците можат да понудат фидови за целата страница или за одредени делови од страницата. На пример, во складиште може да има фид за прикажување на секоја нова статија која се додава, а може да има и фидови кои само ќе ја покажуваат содржината на одреден автор или на одреден оддел.

Софтверот и услугите направени за да управуваат и прикажуваат RSS и ATOM фидови се достапни како софтвер за личен сметач, како интернет-сервиси и сервиси или софтвер за мобилни направи. Софтверот или сервисите кои управуваат со RSS и Atom вообичаено се наречени читачи на фидови или агрегатори.

Во практиката, фидот е алтернативна верзија на интернет-страница која ги прикажува најновите додавања на интернет-страницата во RSS или Atom XML. „УРЛ-то“ за оваа ХМЛ страница може да се додаде во читачите на фидови кои ќе го прикажат ХМЛ на начин прифатлив за корисниците, за сите нови содржини на интернет-страницата.

Интернет-страниците кои нудат RSS или Atom фидови обично прикажуваат врска која вели RSS, Atom или Feed или логото на RSS, некаде на соодветната страница.

RSS и Atom фидовите обично содржат метадата за новата содржина, како што е насловот, урл, автор, екстракт итн., но тие, исто така, можат да се користат за да го содржат целиот текст на содржината. Ова е најчесто во RSS и Atom фидовите од блогови.
Фидовите не работат во реално време, постои заостанување меѓу новините на страницата и појавувањето на содржината во фид.


Која е разликата меѓу RSS и Atom?

За да дознаете повеќе за разликите меѓу RSS и Atom, посетете ја страницата за Аtom на Wikipedia

RSS и Atom се конкурентски стандарди и постојат технички разлики во начините на кои двата стандарди работат. Како и да е, ова не треба да биде главна грижа за управителите на складиштата, бидејќи на површината обата вршат прилично слична работа и страниците можат да понудат кој било од нив како опција за луѓето кои сакаат фидови со најновата содржина.
Atom фид стандардот е поврзан со Atom протоколот за издавање користен од SWORD.


Како можат да бидат користени RSS и Atom?

Наједноставно, RSS и Atom фидовите можат да се користат за да се информираат корисниците за промените на интернет-страницата преку софтвер, како што се читачите на фидови. Како и да е, RSS и Atom се многу приспособливи и може да се користат на разни начини и од крајните корисници и од други софтвери.

Еве неколку примери за интересни начини на употреба на RSS и Atom за складишта:

  • Фидовите можат да бидат вметнати во други интернет-страници. Така, на пример, страницата на некој оддел може да ја прикажува сета најнова содржина додадена во складиштето. Фидовите, исто така, можат да се вметнуваат како обичен текст или можат да се користат за да прикажуваат поатрактивни визуализации на содржина од складиштето. За пример, видете го блогот на Лес Кар.
  • Фидовите можат да се комбинираат користејќи сервис како Yahoo! Pipes за фидовите од одреден број места да можат да бидат понудени како еден фид. Ова може да биде корисно за комбинирање на новостите од складиштето со новостите од други институционални или предметни извори.
  • Фидовите можат да се користат за довлекување содржина во други места. Лес Кар има пример за ова со MS PowerPoint
  • RSS фидовите можат да се користат за туркање содржина на други места, исто така, некои луѓе избрале да ги линкуваат фидовите на нивното складиште со профили на Твитер за да се прати порака на Твитер секогаш кога ќе биде додадена нова содржина. Очигледно, ова може да се направи користејќи тематски фидови наместо фид на целото складиште
  • Сервисите како Tabbloid можат да ги префрлат фидовите во ПДФ писмо, кое потоа може да им се прати на луѓе по електронска пошта

Ова се само неколку примери, постојат многу начини на кои RSS и Atom фидовите можат да се искористат за да обезбедат корисни услуги на крајниот корисник.

  • Share @ Ping.mk