Регистрирање складишта
Поставено во
Регистрирање складишта, Техничка рамка
Добар начин да му кажете на светот за постоењето на вашето складиште е да го регистрирате во директориумите на складишта, како што се OpenDOAR и ROAR.
Придобивките од запишувањето на вашето складиште се:
- Обезбедете изложеност на вашето складиште: управителите на другите складишта нека станат свесни за него
- Зголемете ја видливоста на вашата содржина за да може да биде користена, цитирана и да се поставуваат линкови до неа
- Користете статистика која регистрите како ROAR можат да ви ја обезбедат
- Дозволете детали за складиштето да бидат вклучени во страници кои ги користат податоците од овие регистри, како што е Repository66 комбинација од мапи
- Некои други сервиси за индексирање и пребарување ќе ги користат регистрите како извор на складишта кои тие потоа ќе ги ожнеат и ќе ви ги изложат
Одредени страници во кои можеби ќе сакате да се регистрирате:
- DSpaceInstances – Оваа страница е во DSpace wiki и ги наведува складиштата кои работат на DSpace софтвер. За да го додадете вашето DSpace складиште, кликнете на копчето „Edit“ во соодветната алфабетска секција за средување на страницата, потоа копирајте го форматот на соседните внесови
- ИОАster – Сервис за пребарување за дигитални ресурси кои се во склад со ИОА, не само складишта со отворен пристап. Жнее метадата за содржината на овие ресурси користејќи ИОА-ПЖМ. Списокот на придонесувачи со податоци на ИОАster го користи Google Scholar за контрола врз неговото ползење низ складиштата со отворен пристап
- openarchives.org – Овој регистер на ИОА базни УРЛ е хостиран од страна на Иницијативата за отворени архиви. Една од предностите од регистрирање е тоа што функционалноста на вашиот ИОА базен УРЛ автоматски се валидира
- OpenDOAR – Директориум на Складишта со отворен пристап – OpenDOAR е светски директориум со контролиран квалитет на академски складишта со отворен пристап одржуван од SHERPA, Универзитет од Нотингем. Има строги критериуми за вклучување, клучните услови се дека складиштето мора да содржи содржини со полн текст и мора да биде достапно без потреба од корисничко име или лозинка. Секое складиште е посетувано од персоналот на OpenDOAR за потребите на индексирање, повеќе отколку да се потпрат на автоматизирана анализа. Освен обезбедувањето едноставна листа на складишта, OpenDOAR овозможува да барате складишта и да пребарувате содржини во складиштата. Податоците од OpenDOAR се користат за контрола на жнеењето од страна на Intute Пребарување складишта и други сервиси за пребарување.
- ROAR – Регистар на складишта со отворен пристап – Овој светски регистар е раководен од страна на Универзитетот од Саутемптон. Негови силни страни се статистиката за стапките на пораст на поединечните складишта кои се собираат глобално. Тие се собираат користејќи ИОА-ПЖМ. Сродните услуги ги вклучуваат статистики за форматите на документите и ROARMAP – база на податоци за правилата за архивирање со слободен пристап на институциите и финансиерите


