nav-left cat-right
cat-right


Работни процеси

Работните процеси се „претстава на серија на операции, декларирани како работа на лице или група на лица“

Работни процеси – Википедија

Работен процес на едно складиште е поделба на потребните административни задачи. Тие им дозволуваат на различните активности вклучени во работата на складиштето да им се доделат на лица или на групи кои најдобро можат да се справат со нив. Процесите на дефинирање на работните процеси се во тесна врска со анализата на засегнатите страни на едно складиште: откако еднаш ќе ги идентификувате придобивките и проблемите кои се однесуваат на секоја група од засегнатите страни, следниот чекор е да се праша точно како корисниците ќе ја спроведат интеракцијата со софтверот на складиштето и кои специфични задачи треба да извршат.

Постојат неколку видови работни процеси во едно типично складиште. Тие опфаќаат работни процеси за да се менаџира регистрацијата на корисниците и административните работи; работни процеси кои се однесуваат на авторизацијата и дозволите во едно складиште; и разни административни работни процеси за одржување и ажурирање на софтверот. Овие работни процеси се од основно значење бидејќи редовно се користат од страна на различни депозитори.

Примери од Велика Британија
NECTAR документ за работни процеси
• Водичи за депонирање во архива за истражувања на Оксфорд – написи, тези
• Меѓународни примери
PARADISEC
• Други ресурси
• Други информации за работните процеси и ревидирањето на процесите е достапно на нашите Инфо-алатки за ревизија на процесите

Токму преку разбирање на работните процеси на потенцијалните контрибутори во вашето складиште можете да ги разберете најдобрите точки кога се депонира одреден материјал и како тоа депонирање да биде што е можно полесно. На пример, процесот на едно лице – академик, кое подготвува докторска теза, всушност, опфаќа различни активности во процесот во кој тим на истражувачи соработуваат на една теза за експериментална физика. Авторските права, сопственоста на податоците, временските рамки и вклученоста на издавачите ќе варира и со тоа потенцијалните работни процеси и интеракции во вашето складиште ќе варираат.

Овој дел од инфо-алатката ќе се осврне на типични работни процеси во едно складиште, заедно со некои практични избори кои треба да се земат предвид, како што се правење верзии, справување со ембарга и употреба на насловни страници.

  • Share @ Ping.mk