nav-left cat-right
cat-right


Потребни софтверски вештини

Инсталација, приспособување и тековно одржување на дигитално складиште генерално ги бара истите технички вештини и тие најчесто ги врши истиот персонал. Во принцип, инсталација и приспособување на складиштето е еднократна задача, која бара релативно кратка интензивна активност од персоналот со соодветни информатички вештини. Затоа е добро во оваа фаза од проектот, соодветниот персонал да биде ангажиран со полно работно време. Периодот за кој ќе бидат потребни зависи од софтверот што го користите, степенот до кој сакате да го приспособите и вашата системска архитектура. Колку помалку го приспособувате, и ги користите неговите стандардни конфигурации и препорачани платформи, толку ќе биде побрзо.

Најдобро е ако ангажирате или ако назначите технички персонал за проектот кој има искуство со софтверски и хардверски платформи кои ги бара софтверот што сте го избрале. Ако никој не е прикладен или слободен, тогаш треба да одвоите време и ресурси за соодветна обука на персоналот. Вашиот софтвер провајдер, исто така, може да нуди техничка обука за нивните производи и можеби најдобро решение е ако го пратите вашиот персонал на обука кај нив.

Популарните софтвери најчесто се инсталираат многу побрзо, при што се потребни неколку дена за стандардна конфигурација. Ова значи дека за приспособувањето вие не правите ништо повеќе од основни работи, како додавање на името и логото на вашата институција, името на складиштето, како и името и имејл-адресата на администраторот. Треба да одвоите повеќе време ако сакате повеќе да го поистоветите складиштето со веб-изгледот и имиџот на институцијата или на некој оддел – ви треба од една недела до месец. Како што нагласивме повеќепати, важно е да ги забележите промените што ги правите, бидејќи можеби ќе треба да ги повторите при идна надградба на софтверот.

Ако сакате однапред да депонирате материјали во складиштето, на пример, извадоци од PubMed Central или други ресурси, треба да си одвоите време за тоа.

Голем дел од овие задачи или ресурси може да бидат обезбедени однадвор – или со хостирање на вашето складиште кај соодветен сервис провајдер или да доведете надворешни луѓе да ја спроведат инсталацијата. Сепак, и во таков случај треба да одвоите време за поставување на спецификациите, врските и менаџирање на проектот, и треба да размислите да испратите свој персонал на какви било специфични курсеви за производите заради тековното одржување.


Специфични вештини

Специфичните вештини коишто треба да ги има техничкиот персонал варираат во зависност од вашиот избор на хардверска платформа, оперативен систем и платформа на складиштето. Вашиот локален технички персонал, најверојатно, ќе биде наклонет кон одреден хардверски и оперативен систем, поради што е препорачливо да ги искористите постоечките ресурси и нивните вештини и да ги употребите тие системи.

Постојат генерички вештини коишто важат за сите платформи за складишта. Тие вклучуваат:

  • HTML (HyperText Markup Language)
  • Дизајн на веб-страница
  • CSS (Cascading Style Sheets)
  • SQL (Structured Query Language)

Специфичните платформи на складишта ќе имаат свои барања во зависност од тоа на кој програмски јазик се напишани. DSpace и Fedora се напишани со помош на Јава, додека EPrints е напишано со помош на Перл. Во техничката документација на избраната платформа за складиште треба да бидат наведени техничките барања за неа, а според тоа и соодветните вештини за нивно исполнување.

  • Share @ Ping.mk