nav-left cat-right
cat-right


Пилот и тест-услуги

Пилот и тест-услуги на складишта

При инсталација и конфигурација на ново складиште, добро е да направите пробна инсталација, којашто може да се искористи како тест за развојот на вашето складиште без да ù наштети на вистинската инсталација. При почнувањето на проектот, пилот-системот ќе се користи за промена и конфигурација на софтверот, ќе го тестира системот и првичното прифаќање од корисниците, сè додека складиштето не дојде на ниво целосно да биде ставено во функција. Во понатамошните фази од работата на складиштето, иницијалната пилот-инсталација често расте во платформа за развој, која може да се користи за тестирање надградба и промени пред да бидат вметнати во функционалното складиште на институцијата.


Пилот-тестирање на системот/Функционално тестирање

Системско или функционално тестирање се прави за да се осигури дека системот работи како што треба и да се отстранат сите грешки коишто може да настанат при инсталацијата на новото складиште пред тоа да профункционира. Разумно е да се одвои време за овој вид тестирање за да се осигури дека сервисот кој им е понуден на корисниците, колку што е можно повеќе е ослободен од грешки. Грешките коишто се јавуваат кај системот, кој веќе работи често, знаат да ги нервираат корисниците, што може да ù наштети на репутацијата на системот.

Корисно е да се подготви план за тестирање на секоја функција на софтверот за да се осигури дека работи исправно. Планот за тестирање може повторно да се употреби по секоја надградба на системот за да се осигури дека системот продолжува да функционира исправно и дека старите грешки се надминати.


Пилот-тестирање на приемот кај корисниците

Спротивно на тестирање на системот, тестирањето на приемот кај корисниците на складиштето го прават луѓето коишто секојдневно ќе го користат системот, за да се осигури дека ги исполнува нивните барања. Фидбекот од множеството корисници коишто ќе го користат складиштето може да се употреби за да се осигури дека пропустите и функциите што недостасуваат ќе може да се коригираат пред системот да биде ставен во функција.


Тестирање на производствениот систем и тестирање на приемот кај корисниците

И од кога производствениот систем е ставен во функција, сè уште е важно да се направи тестирање на системот и на приемот кај корисниците за да се осигури дека нема грешки во системот кога ќе се премине од пилот на производствениот систем. Кога складиштето ќе почне да функционира и е отворено за поголем број корисници, постои голема шанса да се појават грешките во системот коишто не можеле да се идентификуваат во пилот-фазата.

  • Share @ Ping.mk