nav-left cat-right
cat-right


Насловна страница

Многу посетители до вашето складиште ќе стигнат преку машини за пребарување на фајловите до целосните текстови, прескокнувајќи ја главната веб-страница на складиштето и метадата записите. Насловната страница е единствениот начин да ги информирате за постоењето на вашето складиште како извор на информации што го пронашле. Тоа ви е можност на истражувачите да им ја покажете вредноста на складиштето и шанса да ја промовирате вашата институција. Насловната страница може да го прикажува брендот, како лого или слики, иако може да биде тешко да ја промените насловната страница ако вашето складиште или институцијата се ребрендира. Насловната страница, исто така, може да ја користите како начин да ја ставите линк до главната веб-страница на складиштето, и/или метадата записите на материјал во складиштето. Линкот до метадата запис може да биде единственото нешто што треба да го земете предвид, со оглед на тоа дека другите информации што може да бидат вклучени во насловната страница може да се застапени во метадата податоците. Насловната страница најчесто содржи информации за:


Исполнување на политиките за носителите на авторски права

Ако користите насловна страница, тогаш се препорачува да објавите и изјава за авторски права. Некои издавачи дозволуваат постпечатените материјали да бидат достапни онлајн, но инсистираат со текстот да бидат објавени и стандардните фрази – насловната страница е еден од начините со кој може да се исполнат таквите барања. И кога издавачите не бараат вакви изјави, со стандардна изјава се демонстрира почитувањето на носителите на авторски права, што треба да го покажат и останатите кои што ги читаат вашите содржини. Едноставна изјава во која стои дека сите права ги задржува носителот или носителите на авторските права и условите под кои одреден материјал е достапен преку вашето складиште, може да биде вклучена во насловната страница. Имајќи предвид дека вашата политика со текот на времето може да се промени, можеби повеќе ќе сакате стандардната изјава да се однесува на политиката на вашата веб-страница, отколку да употребите насловна страница за подетално да ја објасните самата политика.


Информации за тоа која верзија е претставена

Најчесто има малку информации за метадата податоците за тоа која верзија на статијата е депонирана во складиштето, дури и кога се однесува на финалната, објавена верзија. Со насловната страница ова може да се надополни, но иако метадата податоците јасно покажуваат за која верзија на целосниот текст се работи, можеби податоците од метадата нема да бидат првата работа што ќе ја видат читателите при отворањето на текстот. Често е тешко да се опише верзијата што е зачувана во складиштето, и во насловна страница и во метадата, што се должи на конфузијата во врска со терминологијата и непрецизните белешки на авторот. Но, референци до верзија објавена на кое било друго место ќе значи дека вашата не е објавена „верзија на записот“. Исто така, вреди да се нагласи дека за пристап до објавената верзија може да биде потребно да се претплатите, што ја објаснува причината за креирање алтернативна верзија којашто ќе биде достапна.


Помош за другите да ја пронајдат објавената верзија

Објавената верзија, односно „верзијата на записот“ е таа што сите ќе сакаат да ја цитираат во напис (види страница 9 во Алатки за ВЕРЗИИ) и насловна страница може да се употреби на читателот да му ги даде потребните информации за да го пронајде и да го цитира објавениот напис. Срамно е ако авторот ја изгуби можноста да биде цитиран, бидејќи верзијата на написот во складиштето не содржи многу информации преку кои ќе биде лесно достапна за читателот да ја цитира. Ако е можно, најдобро би било да се стават сите референци во верзијата во складиштето, а информациите за објавената верзија да се стават на насловната страница, со што ќе биде екстремно лесно нивното дело да биде цитирано.


Како да се прикачи/покаже насловна страница

Понатамошни информации за креирање насловни страници за брзо симнување од страна на корисниците

ИТекст – вграден е во вашата апликација, така што ќе може да го автоматизирате создавањето ПДФ и ракување со процесот
ЕПринтс екстензии насловни ПДФ – автоматски додава насловна страница на ПДФ документи. Насловните страници се генерирани кога ќе се аплоудираат е-принтови и содржат комбинација на збир фрази и текстови произлезени од епринт метадата. Дали страницата треба да биде генерирана и деталите за тоа што треба да се појави на неа се конфигурираат за различни видови епринтови. Овие насловни страници потоа се складираат заедно со документите и се споени со нив при испораката. Ова исто го прави и софтверот Bepress Digital Commons.
Пример Насловна странаица

Насловна страница може да биде првата страница од самиот фајл, додадена од авторот пред/додека се депонира, или од страна на вработените во складиштето откако материјалот ќе биде депониран.

Алтернативно, насловна страница може да биде создадена на брзина во моментот кога документот ќе биде побаран од читателот, наместо да биде дел од самиот фајл. Автоматски создадена насловна страница нема да ù пречи на која било алатка за автоматизирано креирање на метадата, ниту пак на желбата на авторот, на првата страница од делото да се појавуваат подвижни слики онака како што тој сака, што значи нема да има дополнителна работа за депозитерот или за администраторот на складиштето за прикачување вакви насловни страници. Исто така, секое дополнително брендирање или промена на политиката може да биде изменето во изворот на информации за ваквите насловни страници.
Друг начин да се автоматизира креирањето насловни страници е на авторите да им се понуди опцијата – „додади насловна страница“ во постапката на депонирање или аплоудирање на фајлот. На овој начин, персоналот во складиштето не е вклучен во долгиот процес, авторите се поттикнати сами да ги вклучат соодветните информации во фајловите и авторите можат да изберат дали сакаат стандардна насловна страница или не.


Заклучоци

Постојат повеќе цели за кои може да се користат насловните страници во складиштето, но тоа не значи дека е неопходно да ги користите. Имајќи ги предвид сите работи поврзани со насловна страница, за да одлучите дали ќе можете ова да го реализирате, вашето идеално сценарио треба да го избалансирате меѓу техничкиот капацитет и начинот на работа. Насловна страница е нешто што можете да му се навратите и во иднина, кога вашето складиште ќе се созрее и ќе се развијат техничките решенија.

  • Share @ Ping.mk