nav-left cat-right
cat-right


Типови и шеми на метадата

Понатамошна информација

Предлог ИРИШкотска метадата договор (PDF)

JISC CETIS – Метадата и дигитални складишта


Типови на метадата

Во контекст на складиштата, има три главни типови на метадата:

  • Описни: Го олеснуваат откривањето и идентификацијата на ресурсот; вклучуваат елементи како имиња на содржини, автори и клучни зборови
  • Структурни: Опишуваат како содржините се поврзани една со друга, особено се важни за заведувањето на верзии на една содржина низ времето и за работење со комплексни содржини, како што се поглавја во една книга
  • Административни: Помагаат во управувањето со самиот ресурс, вклучуваат управување со правата и зачувување на метадата кои забележуваат како биле создадени документите и правата поврзани со нив

Дефинирање на вашата метадата шема

Метадата шемите се комплети од метадата елементи направени со одредена цел, како што е опишување одреден тип на извор на информации. Повеќето шеми ги покриваат сите три типови на метадата кои се идентификувани погоре. Администраторите на складишта ќе треба да ги земат предвид нивните метадата шеми во раните етапи на имплементација на складиштето.

Шемите кои се користат ќе варираат во зависност од типовите на содржини кои се складираат, публиката на складиштето и планираната употреба на содржините на складиштето. Управителот на институционално складиште, најверојатно, ќе треба да ги дефинира шемите за сè, од релативно едноставните текстуални материјали кои се примаат, до покомплексни мултимедијални содржини. Специјализираните колекции во рамките на складиштето може да имаат придобивки од подеталната класификација на предметите.

Кога ја дефинирате вашата шема, важно е да се земат предвид локалните потреби, како што се на структурите на одделите и истражувачките структури и локалните одлуки потребни за полињата со предметите. Повеќето луѓе, исто така, ќе мораат да ги прошират нивните шеми за новите типови материјали како што ќе расте складиштето. Локалните метадата шеми често се засновани околу еден или повеќе метадата стандарди и можат да се сложат со вообичаените апликациски профили. Реално е дека во прв момент повеќето луѓе ќе работат со метадата шемата, која ќе дојде заедно со инсталацијата на софтверот кој го одбрале, на пример, користење на готовата шема во DSPace.

Дадената шема треба внимателно да се прегледа за да се осигурите дека ги задоволува и соодветствува со основните потреби. Можат да се додадат нови полиња и со текот на времето да се приспособат шемите, но секоја промена може да вклучи ретроспективно средување на постоечките записи и има потреба да се задржи мапирањето на извозните стандарди за да се помогне интероперативноста и интеграцијата.

  • Share @ Ping.mk