Профили на апликации
| Повеќе информации за профили на апликации се достапни на Ariadne |
Профилот на апликацијата ја дефинира метадата шемата за складиштето, кое користи еден или повеќе метадата стандарди. Може да се дефинира како декларација која одредува кои метадата термини ги користи во својата шема една организација, провајдер на информации или корисничка заедница. Може, исто така, да прави декларации за тоа како треба да се користат метадата термините. Профилот на апликацијата одбира термини од еден или од повеќе постоечки стандарди и може да избере да ја прочисти употребата на кој било термин (на пример правејќи ја задолжителна употребата на одреден контролиран речник). Не може да додава термини на веќе постоечки стандард. За да додаде нови елементи на профил на апликација, кои не се во некој референтен стандард (или друг контејнер на податоци), управителот на складиштето мора прво да го дефинира контејнерот на податоци и потоа да го постави тоа во профилот на апликацијата.
Беа развиени неколку профили на апликации околу стандардот Даблинско јадро за да се задоволат заедничките потреби во рамките на заедницата на складишта. Тие вклучуваат профил на апликација за научна работа (SWAP), профил на апликација за е-тези и профил на апликација за слики. Профилот на апликација за научна работа се заснова на Даблинско јадро и е наменет за поддршка на опишувањето на текстови од научни истражувања. Профилот на апликација за е-тези е заснован на Даблинско јадро и е наменет за поддршка на е-тези направени во институции во Велика Британија. Профилот на апликација за слики е заснован на Даблинско јадро и е наменет за поддршка при опишување слики. Постојат одреден број профили на апликации кои се достапни од IEEE LOM, вклучувајќи го и UK LOM Core. Овој профил на апликација е наменет за поддршка на споделувањето на материјалите за учење во Велика Британија.
Ако некоја заедница во практика сподели профили на апликација, тоа може да промовира побогата интероперативност и да овозможи попрочистени сервиси на пребарување, но ова може да го зголеми обемот на работа на создавање метадата. Најдобар совет е да се гледа накратко како другите управуваат со метадатата во нивните складишта: редовно прегледајте го добрите практики и имплементирајте подобрувања.


