nav-left cat-right
cat-right


Метадата и складиштето

Во контекст на едно институционално складиште, метадатата е потребна за да се олесни откривањето на содржината на вашето складиште. Доделувањето релевaнтни критериуми на содржината во складиштето:

  • им помага на корисниците да ги идентификуваат ресурсите
  • ви помага да ја организирате содржината во вашето складиште
  • ги спојува сличните ресурси
  • ги разликува сличните ресурси
  • дава информации за локацијата
  • е есенцијална за олеснување на жнеењето на содржините во вашето складиште од страна на надворешни системи
  • поддржува архивирање и зачувување

Управителите на складишта треба да размислат како мислат да собираат или да создаваат метадата и за што ќе се користи:

Создавање метадата

Метадатата може да се собира на многу начини; тие вклучуваат:

  • Може да ја додаде авторот за време на процесот на поднесување (преку нивните кориснички профили и формулари за поднесување)
  • Може да произлезе од депонираната содржина, користејќи автоматизирани алатки
  • Може да се додаде или да се промени од страна на управителот на складиштето или од креаторот на каталогот
  • Може да се додаде од страна на корисниците на содржината

Метадатата, која треба да се создаде рачно од страна на управителот на складиштето или од креаторот на каталогот, обично е административна и библиографска информација (како што е наслов на предметот).

Употреба на метадатата

Откако ќе се собере метадатата, мора да биде соодветно складирана и се користи за да се управува со ресурсот (на пример, може да се користи за да се прегледа силата на колекцијата на складиштето во некој одреден домен или да се провери форматот на документите). Одредени технички протоколи или стандарди, како што е ИОА-ПЖМ може да се употребат за да им се овозможи на надворешните сервиси да пристапуваат до записите со метадата и да го олеснат откривањето на ресурсите за многу поширока публика.

Важно е овие два контекста да се земат предвид заедно. Силната комуникација помеѓу администраторите на складиштата и техничките тимови е потребна за да се обезбеди дека бараниот влез на метадата се совпаѓа со барањата за локално управување со содржините на складиштето и овозможува складиштето да биде ожнеано за надворешна употреба.

  • Share @ Ping.mk