Метадата стандарди
Од страна на заедницата на складишта и архиви, развиени се разни метадата стандарди кои можат да ги водат оние кои сакаат да воспостават шема. Секаде каде што е можно, шемите треба да бидат отворени и да бидат во согласност со широко признаените стандарди, за да се олесни интероперативноста и пошироката повторна употреба на складираните ресурси. Најчесто користен стандард и оној кој е потребен за интероперативност и жнеење преку ИОА-ПЖМ, е Dublin Core (Даблинско јадро).
Даблинско јадро
Стандардот Даблинско јадро се појавува од работилница одржана во Даблин, Охајо, во 1995 година. Иако сега постојат поголем број метадата термини дефинирани од страна на Иницијативата Даблинско јадро метадата (DCMI), едноставното Даблинско јадро вклучува 15 елементи кои се дадени подолу. Секој е опционален и повторлив и може да се појави во кој било редослед, според желбата на создавачот на метадатата.
- Наслов
- Создавач
- Предмет
- Опис
- Издавач
- Придонесувач
- Дата
- Тип
- Формат
- Идентификатор
- Извор
- Јазик
- Однос
- Покриеност
- Права
Едноставното Даблинско јадро се користи нашироко, едноставно и лесно се прифаќа. Вградено е во повеќето софтвери за складишта.
Како и да е, DCMI сега има развиено Модел на апстракти за поддршка на развојот на Апликациските профили и овозможуваат побогата употреба на метадатата. Како такво, едноставното Даблинско јадро се смета за застарена употреба на стандардот. Овие 15 елементи се реинкарнирани како дел од метадата термините на DCMI. Тие се изградени околу овој комплет од елементи, но поддржуваат други термини кои додаваат понатамошни нивоа на детали на метадатата; на пример, да се разликува меѓу додатни или преведени наслови или да се дефинираат различни типови дати или придонесувачи. Многу од додатните DCMI метадата термин ги прочистуваат 15-те едноставни елементи.
Други метадата стандарди
Други метадата стандарди се достапни за исполнување покомплексни намени, на пример, за собирање презервациски метадата. Овие стандарди вклучуваат
MODS
MODS (Шема за опишување на метадата предмети), како ХМЛ шема, наменета е да може да ги носи одбраните податоци од постоечките MARC 21 запис, како и да овозможи создавање описни записи на изворниот ресурс. Оваа шема вклучува елементи од MARC полиња и користи јазични тагови, наместо нумерички.
PREMIS
PREMIS е XML шема која поддржува имплементација на верзијата 2.0 од PREMIS речникот за податоци
IEEE LOM
Институт на здружението за стандарди на електро и инженерите по електроника (IEEE) 1484.12.1 – 2002 Стандард за учење предметни метадата „е модел на податок, обично кодиран во ХМЛ, се користи за да се опише предмет за учење и слични дигитални ресурси кои се користат за поддршка на учењето“. Често се користи во контекст на онлајн-системите за управување со учење (СУУ), но, исто така, се користи од страна на некои складишта кои држат материјали за учење.
Некои метадата стандарди се направени да ги опишуваат агрегациите на предметите.
METS
METS (Стандард за кодирање и трансмисија на метадата) се одржува од страна на Канцеларијата за развој на мрежата и MARC стандарди на Библиотеката на Конгресот.
DIDL
Јазикот за декларација на дигитални содржини (DIDL) е стандард за обележување на метадата развиен за прецизно обележување мултимедијални објекти. Развиен беше од страна на Група експерти за подвижни слики (MPEG) како ISO стандард.
IMS CP
IMS Глобален конзорциум за учење – Спецификација на пакувањето на содржина „овозможува функционалност за опишување и пакување на материјали за учење, како што се поединечен курс или колекција курсеви, во интероперативни, дистрибутивни пакети. Пакувањето на содржината се однесува на опишувањето, структурата и локацијата на материјалите за онлајн-учење и дефинирање на некои посебни типови содржина“


