Мапирање и жнеење на метадата
Една од силните страни на складиштата пред традиционалните веб-страници е нивното користење на структурирана метадата. Чувањето детална метадата за секој објект им дозволува на другите сервиси да жнеат метадата за да креираат нови услуги. Примери за ова се портали за одредена тема, сервиси за пребарување при истражувања или системи за известување. Понекогаш метадатата се жнее во формат кој е различен од генералниот формат кој се користи за чување на метадатата. Во тој случај ќе треба да се мапира во друг формат.
Мапирање на метадата
Платформите на складиштата ќе имаат свој префериран начин за внатрешно чување на метадата. Некои ќе ја чуваат во стандардизиран формат како што е Даблинско јадро, додека други ќе ја чуваат во локално дефинирани полиња. Кога метадатата е подготвена за жнеење мора да се мапира во стандарден формат за жнеење. На пример, кога се изложува метадатата преку ИОА-ПЖМ, стандардот диктира дека додека метадатата може да се изложи во кој било формат, мора најминимално да биде изложена во неквалификувано Даблинско јадро.
Процесот на мапирање на еден формат во друг е познат како преминување на метадатата. За да се изврши преминување на метадатата од еден формат до друг, потребно е да се креира мапирање помеѓу секој елемент. На пример, ако платформата на вашето складиште чува метадата во Даблинско јадро и треба да ја изложите во MODS, тогаш ќе биде потребен еден премин составен од правила како што се следниве:
- Опис.апстракт = модс:апстракт
Секој метадата елемент потоа може да се конвертира од еден метадата формат во друг.
Жнеење на метадата
Жнеењето на метадата се однесува на процес со кој надворешните сервиси може да ја извадат метадатата за многу или за сите објекти во вашето складиште. Наместо да се прелистуваат страниците една по една и вадење на метадатата која се наоѓа на тие страници, жнеењето дозволува структурираната метадата да се изложи за многу објекти, а за вратените објекти да може да биде ограничена со фактори, како што се датум или поседување колекција.
Најчесто користениот систем за жнеење на складиштата е Протокол на иницијативата за архиви со слободен пристап за жнеење на метадата и подетално е објаснет во делот за жнеење со ИОА-ПЖМ.
Откако метадатата ќе се ожнее, може да се користи за различни намени, како што се:
- Агрегација: Метадатата може да се агрегира заедно со метадатата од други складишта за да се создаде услуга за пребарување. Услугата за пребарување може да се однесува на сите објекти во складиштето или само на подгрупа на објекти во складиштето, врз основа на темата или видот на медиумот.
- Известување: Сервисите како што е Регистар на складишта со отворен пристап прибираат статистички информации за содржината на складиштата
- Валидација: Метадатата и нејзината употреба од страна на различни складишта може да се валидизира во однос на стандардите за да се осигури дека се користи на коректен начин


