nav-left cat-right
cat-right


Класификација на предмети

Користењето дефинирана шема за класификација по предмет во институционалните складишта не е задолжителна и се појави интересна дебата дали вреди да се прави така. Некои велат зошто да се троши време на класифицирање на содржината во рамките на складиштата кога ќе биде индексиран целиот текст на содржините? Некои дури велат зошто да се мачите да доделувате клучни зборови во вашата метадата кога работата за вас автоматски ќе ја заврши индексирањето. Алтернативно, оние кои имаат посилно библиотекарско искуство може да речат дека употребата на официјалната класификациска шема ќе го подобри откривањето на содржина според предметот, особено нудејќи подобри начини за пребарување на содржините во складиштето. Изборот дали да се користи официјална шема останува на самата институција и во многу ќе зависи на расположливите ресурси да се потроши време внесувајќи метадата и нивото на планирана медијација во работниот тек на апсорбирање содржини. Во коренот на ова се прашањата во врска со тоа дали академиците имаат време или не, или дали се наклонети да користат официјална шема за класификација и дали вреди да се користи времето на администраторот на складиштето за класифицирање на сета содржина која влегува.

Во практика, постојат повеќе начини за да се индицира предметот на содржината.

Најчести приоди се:

  • Класификација по оддели – доделување содржини од складиштето на групи од оддели/истражување
  • Неформална класификација – дозволување неконтролирани речници„фолксономии“/тагирање од страна на корисниците

Овие пристапи можат да се користат комбинирано, за, на пример, придонесувачот да ја тагира неговата содржина со кој термин да мисли дека ќе биде корисен, а содржината го наследува одделот на придонесувачот како додатна класификација. Службеникот на складиштето, исто така, може да додели и JACS термин.

  • Share @ Ping.mk