nav-left cat-right
cat-right


Метадата

Според NISO метадата се „структурирани информации кои опишуваат, објаснуваат, лоцираат или поинаку олеснуваат пронаоѓање, употреба или управување со информациски ресурс“.

Метадата е информација за информацијата или податок за податокот.

Метадатата е витален елемент на секое складиште и содржините кои се складирани во едно институционално складиште секогаш се придружувани со метадата записи. Метадатата дава поддршка на секојдневното управување со содржината на складиштето, го одржува складиштето за користење и овозможува информациите за ресурсите лесно да се споделуваат со другите системи. Метадатата може да се собере во различни етапи за време на апсорбирањето на некоја содржина во складиштето.

Другите страници во овој ресурс ја подвлекуваат намената на метадатата во складиштето, понатаму ги истражуваат информациите за клучните типови метадата и метадата стандардите кои треба да ги исполни складиштето и даваат сиже на подетални метадата стандарди и апликациски профили кои се на располагање на управителите на складиштата.

  • Share @ Ping.mk