nav-left cat-right
cat-right


Конфигурација и развој

Конфигурација и развој се два метода со кои ќе може да го приспособите вашето складиште за да се осигурите дека ги исполнува вашите барања. Конфигурацијата се однесува на опциите коишто можат да бидат променети во нагодувањето на платформата на складиштето, додека развојот се однесува на поголеми промени за кои треба да направите развојни напори.


Конфигурација

Поголемиот дел од платформите на складишта дозволуваат да се конфигурираат основните нагодувања. Тие обично вклучуваат нагодувања како:

  • Изглед и осет/брендирање: бои, лого, графика, фонтови
  • Полиња за метадата: кои полиња на метадата ќе се користат за складирање на кои делови од информациите
  • Опции за пребарување: кои области да се оспособат за пребарување и прелистување
  • Методи за проверка на автентичноста: вградено корисничко име и систем на пасворди или надворешен провајдер, како Shibboleth или LDAP
  • Нагодување мејл: ви овозможува да го конфигурирате имејл-серверот за користење и адресата од која треба да се испраќаат системски генерираните мејлови
  • Форми за поднесување: промена на метадата елементите коишто се собрани при поднесувањето на еден предмет

Конфигурациските нагодувања се најчесто сместени во конфигурацискиот систем на серверот или може да се извршат преку административен интерфејс. Корисно е да се снимат конфигурациските промени во записите на промените, така што ќе можете повторно да ги внесете доколку е потребно, по преправањето на системот или негова надградба.


Развој

Понекогаш може да нема опција во конфигурацијата за да се исполнат вашите барања. Во вакви ситуации има две опции: сменете ги вашите барања или извршете некаква промена соодветна на вашите потреби. На пример, според вашите барања, ПДФ-фајловите треба да се гледаат во вградена рамка во состав на складиштето, а метадатата да се појавуваат странично. Ако платформата на вашето складиште не нуди ваква опција, а вашите барања не може да се променат, тогаш ќе треба вие да ја разработите таа функција.

Ако користите сопствена платформа на складиште со затворен пристап, тогаш единствена опција ви е да склучите договор со комерцијална компанија или со некој од нивните одобрени програмери. Ако компанијата оцени дека ова може да биде корисна функција, којашто ќе им биде од корист и на други корисници, може да ви наплатат мала сума пари или не за нејзино развивање, или пак да побараат од вас да го спонзорирате тоа.

Но, ако сметаат дека таквото приспособување нема да го користи ниту еден друг корисник, тогаш најверојатно ќе ви ја наплатат целосната сума за развој на функцијата.

Ако користите платформа на складиште со отворен пристап, тогаш ќе можете развојната работа да ја спроведете сами. Доколку сакате, поголемиот дел од платформите за складишта или самите нудат професионални сервиси за развој, или имаат список на препорачани програмерски сервиси. Може да увидите и дека многу други корисници на софтвер сакаат да ја развијат истата функција и се спремни на соработка со цел да се намалат развојните трошоци за неа. Ако сакате да развиете нова функција, вреди да ја информирате заедницата за вашите намери со цел да ги пронајдете потенцијалните соработници и да видите дали вашите развојни напори може да се вклучат во следното издание на софтверот. Најдобро решение е ако новата опција што ја барате е доволно воопштена за да може да биде вклучена во следното издание на софтверот, со што ќе се намалат тековните трошоци за нејзин развој. Консултирајќи се со останатите членови на корисничката заедница, може да увидите дека веќе постојат надворешни надградби или заобиколници коишто може да се искористат за да се постигне истиот резултат, без да мора да се развива новата функција.

Секоја платформа за складиште со отворен пристап има свој метод со кој ги предлага новите опции и кодот, па можеби вреди да се види како работи вашиот софтвер за платформата за складишта во заедницата и како е најдобро да се работи со него.

Можете да помогнете да се намалат можностите да се јави потреба од развојна работа, ако претходно подготвите целосна спецификација со барања за вашето складиште за да осигурите дека ќе го најдете најдоброто што одговара на вашите барања. Онаму каде што има разлики, ќе ви помогне во проценката за потребната развојна работа и точно ќе знаете кои функции треба да се доразвијат.


Споредба

Конфигурацијата на платформата на складиштето често е брза и лесна работа во споредба со развојот на нови функции. Кога развивате нови функции, треба да го финансирате, не само иницијалниот развој, туку и тековниот развој ако сакате да ја надградите таа функција за нова верзија на платформата за складиште. Ако можете тој развој да го вратите назад во заедницата така што ќе стане дел од софтверот, тогаш тоа може да ви ги намали трошоците. Меѓутоа, ако сакате специјализиран развој, тогаш најверојатно нема да имате друг избор, освен да продолжите со развојот на новата верзија на софтверот. Ако немате финансии за тоа, може да ви се случи да заглавите со многу стара верзија на софтверот, бидејќи не сте во можност да го надградите софтверот за складиштето со новата верзија.

  • Share @ Ping.mk