Избори на платформа
| Листата на честите платформи за складишта е достапна на интернет-страницата на ППС |
Да се реши која платформа за складиште ќе се користи често е застрашувачка работа.. Изборот може нашироко да се подели на шест можности:
- Отворен пристап кој е локално хостиран
- Отворен пристап кој е локално хостиран, со помош од провајдер на услуги
- Комерцијален софтвер кој е локално хостиран
- Отворен пристап комерцијално хостиран
- Комерцијален софтвер, хостиран комерцијално
- Создадете свој софтвер за складиштето
Изборот често го диктираат локалните правила и практики, но вреди да се одвои време за да се дефинира комплет од спецификации кои би сакале да го задоволи вашето решение. Да се има детален комплет на услови ќе ви помогне да ја процените соодветноста на секоја опција.
На користењето софтвер со отворен пристап често се гледа како на евтино решение бидејќи нема однапред купување софтвер или тековни трошоци за лиценца. Како и да е, постојат трошоци поврзани со времето за развој на персоналот, администрирањето на системот и напорите за унапредување и проблемите со багови. Често, ова се потпира на знаењето на локалниот персонал и добрата волја на членовите, листата за е-пошта за техничка поддршка на соодветната заедница на складиштето. Наспроти ова, хостираните решенија лесно се финансираат бидејќи обично имаат фиксни трошоци и сето одржување и унапредување обично се вклучуваат во пакетот.
Солуциите со отворен пристап можат да понудат поголема можност за приспособување на софтверот на локалните потреби. Приспособувањата, освен едноставното брендирање и поставувањето на текот на работата, често не се достапни кај комерцијално хостираните продавачи или се скапи доградби по желба. Треба да се забележи дека големите локални развивања понекогаш можат да бидат долгорочно скапи, бидејќи често ќе мораат да бидат одново препишани за секоја последователна верзија на софтверот.
Ако сакате да водите складиште со платформа од отворен пристап, но би сакале некаква поддршка, можно е да се купат хостинг-услуги за популарни платформи за складишта, како што се DSpace and EPrints или да се купат услуги на поддршка за софтверот. Често компаниите кои нудат комерцијална поддршка и хостирање за солуции со отворен пристап се дел од заедницата која ја создала платформата, па користејќи ги нивните услуги, вие помагате да се плати идниот развој на софтверот.
Типичните причини за користење надворешни услуги можат да вклучат и посебна експертиза, како и управување со системска инфраструктура, можност за надградба и отпорност, институционално преферирање на користење надворешни извори или бидејќи анализата на трошоците покажува дека ќе биде поевтино отколку да се обезбеди истата услуга внатре.
Што треба да се земе предвид кога се избира платформа на складиште?
Следната листа точки може да ви помогне да ги дефинирате вашите барања:
- Дали решението ги исполнува идентификуваните функционални барања за тоа што треба да прави? Обидете се да направите список на неопходните и пожелни карактеристики како основа за споредба
- Колку чини? Земете ги предвид почетното купување и тековните годишни договори за услуги и споредете ги со чинењето на локалниот персонал и опрема
- Дали има многу други корисници на производот? Што тие велат за него?
- Кои се тековните планови за развој на производот? Дали е достапна излезна стратегија за да се пресели складиштето на друго место ако се посака?
- Кои статистики се достапни со овој производ?
- Може ли софтверот да се интегрира со локалните системи, на пример со системите за автентификација?
- Каква обука се нуди за системот? Дали има дополнителни трошоци кои се поврзани со неа? Обуката е често неопходна за ефективна употреба на системот.
Ако се размислува за хостирана опција:
- Кое ниво на услуги го нуди компанијата во смисла на „работно време“ (достапноста на услугата) и брзината на реагирање кога се пријавуваат „багови“ или проблеми со услугата? Во кое време функционира штандот за помош? Какви заштитни мерки се преземени и кои се можностите за повратување стари содржини?
- Кои се ограничувањата на користењето на производот кои ги наметнува провајдерот? Дали има ограничување на складирањето или сообраќајот, и ако има, што се случува кога тие ќе се надминат? Размислете за институционалните потреби од производот денес, следната година и во наредните години
- Колку може да се приспособи производот и колку од ова може да го направи само провајдерот? Дали има трошоци за приспособувањата?
- Дали давателот на услугата нуди можност за пробно користење на услугата пред да се купи?
Ако се размислува за опција со отворен пристап:
- Дали архитектурата на софтверот се совпаѓа со онаа на другите системи кои ги водите, или за кои вашиот персонал има познавања? На пример, DSpace и Федора се системи засновани на Јава, додека EPrints е систем заснован на Перл
Дали постои локална заедница на корисници за вашата платформа која може да ви помогне за проблемите?


