Инсталација и приспособување
Инсталација
Иако процедурата за софтверска инсталација може да варира кај различни платформи за складишта, поголемиот дел од првичните чекори пред инсталацијата се слични. Техничкиот персонал и администраторите на складиштето треба да бидат запознати со постапките, како што е проверка на техничките барања на софтверот, да ги разбираат инструкциите за инсталација, користење и тестирање на системот, миграциите од развојна до производствена платформа и стратегиите за резервни копии . Ова во никој случај не е целосен список, туку само се нагласени работите на кои мора да им се обрне посебно внимание. Табелата Гант подолу дава препораки за некои области кои вработените во складиштето треба да ги земат предвид во текот на животниот циклус на складиштето, давајќи приближна временска рамка за секоја фаза.

- Табелата Гант покажува релативна временска рамка за воведување на софтверскиот сервис на складиштето
Листа за проверка на фазата планирање
Листите за проверка во фазата на планирање се користат за да се идентификуваат клучните фази во работењето на проектот. Користењето на листите за проверка му овозможуваат на тимот да се фокусира на тоа кои цели/ таргети треба да се комплетираат за проектот успешно да профункционира. Погоре наведената табела Гант е заеднички метод којшто го користат менаџерите за да ги илустрираат фазите, активностите и зависноста од структурната поделба на софтверските активности.
Анализа на обемот на проектот
Дефинирањето на обемот на проектот најчесто е критичен дел од неговата имплементација. Со обемот се дефинира што е целта којашто треба да се постигне со проектот и на крајот на проектот може да се искористи како маркер, за да се одреди дали резултатите од него се успешни. Често е корисно за да се дефинира мисијата на проектот со која се дефинираат области како: проектни резултати, цели на проектот, проектни претпоставки и проектни ограничувања.
Хардверски решенија
Изборот на правилен хардвер за инсталација на складиште често зависи до голем број фактори. Дел од пресудните фактори кои најчесто влијаат врз изборот на хардверот во институцијата се наведени подолу:
- Актуелните хардверски инсталации во институцијата. Компјутерскиот оддел често одбира поедноставни хардвери за постоечките системи. Не е невообичаено ако складиштето споделува ресурси со другите институционални системи.
- Средствата на располагање за складиштето ќе имаат влијание врз тоа каков хардвер ќе се купи
- Проценката за користење на складиштето. Дали има барање за поголем простор за чување податоци? Дали има потреба од повисок перформанс, еластични решенија?
Спецификација на барања
Спецификација на барања вклучува идентификување на условите коишто складиштето мора да ги исполни за да се задоволат засегнатите страни или различните корисници на системот. Ова може да биде временски интензивна фаза во имплементацијата на проектот. Во оваа фаза на проектот, најважно е прецизно да се забележат барањата, бидејќи често успехот на складиштето зависи од прецизноста на барањата. Во многу софтверски проекти, анализата на барањата може да се расчлени на:
- Збир на барања (се одредуваат барањата на корисниците на системот)
- Анализа на барања (анализирање на барањата, решавање на проблеми, одредување на предметите)
Инсталација на софтвер за поддршка
Софтверите за складишта, како што се DSpace и Eprints, најчесто бараат на хардверот да му се инсталира дополнителен софтвер од трета страна пред складиштето да биде вградено. Важно е да испланирате инсталација на софтвер за поддршка во софтверскиот циклус и да се подготвите за евентуални проблеми со кои може да се соочите при инсталирањето на системот за поддршка.
Имплементација на стратегија за заштита
Добра стратегија за заштита е од суштинско значење за да се осигури дека складиштето е заштитено од непредвидливи настани, без разлика дали се работи за закрепнување на системот од незгода или за да се обноват фајловите кои се избришани случајно или се оштетени. За многу организации, заштитата на складиштето може да биде едноставно спојување на заштитната стратегија на складиштето во заштитната стратегија на институцијата. Кој метод и да биде избран, најважно е да се прават постојани проверки за да се осигури дека податоците ќе можат да бидат обновени ако настане каков било проблем.
Поставување на складиштето
Ако сите фази коишто водеа до поставувањето на складиштето се внимателно проверени и успешно завршени, тогаш поставувањето на складиштето во институцијата повеќе не треба да претставува проблем. Администраторите на складиштето и ИТ персоналот треба да бидат подготвени да се занимаваат со прашања поврзани со складиштето, а во многу случаи ќе треба и директно да помогнат и да пружат поддршка при обуката.
Одржување
За време на имплементацијата на проектот, складиштето ќе бара одржување, без оглед дали треба да се поправи некоја грешка, да се инсталира нов дел или функција или да се надгради нова верзија на софтверот на складиштето. Важно е големите промени да се извршат додека системот е сè уште во развој пред да се модифицира системот кога веќе ќе биде оперативен. Одржувањето на системот е дел од софтверскиот циклус и компјутерскиот персонал треба да знае дека поддршката на складиштето не завршува со поставувањето на софтверот.
Приспособување на продуктот
Со оглед на напорите коишто се направени во негово име, за да се задржи дел од институционалната интелектуална сопственост, пожелно е институционалните складишта да бидат јасно брендирани дека ù припаѓаат на одредена организација. Основните работи вклучуваат избор на соодветно име, вклучително и логото на институцијата и нивниот визуелен идентитет, а во некои случаи и вклучување на локалниот стандарден образец за веб-изглед.
Предизвици при приспособување
Постојат ризици кога при приспособување на интерфејсот на складиштето ќе се соочите со нешто како, на пример, да се загуби следењето на промените коишто сте ги направиле при надградба на софтверот. За да се избегнат вакви работи, најдобро е да се подготви прецизна документација и за кодовите или за скриптите и ако е можно и за офлајн-документацијата.
Во многу случаи, при воведување на стандардната оперативна практика, вметнување на промените ќе помогне во интеграцијата на новиот технички и административен персонал, како и за заштита од проблеми, како доаѓање на нов персонал или промена на персоналот. Може да се воведе хостирање на помал сервер за тестови кога се воведуваат нови имплементации или промени и проверката на сите проблеми пред да се вклучат измените во главниот сервер се едноставен, но ефикасен начин да се реши бесплатната надградба.


