nav-left cat-right
cat-right


Хардверски и оперативни системи

Хардвер

За локално да се стартува складиштето (што е спротивно на купување опција за хостирање) потребен ви е хардвер. Складиштата најчесто се вклучуваат преку сервери вградени во компјутерската соба на институцијата којашто е специјално направена за таа цел (со соодветна климатизација, вмреженост и сл.) Складиштата може да бидат инсталирани на посебни сервери, заеднички сервери (можеби споделен со веб-серверот) или како виртуелна машина на голем кластер. Вашата локална институција ќе има стратегија за тоа на кој начин ќе сака да ги хостира услугите и сервери. Таа политика може да ги земе предвид барањата за складирање и обработка, очекуваното оптоварување на серверот или услови за еластичност (на пример, дали треба да се гарантира 24×7 99.999 проценти време на работење?).

Кај поголемиот дел од нив на почеток, особено во првите неколку години кога складиштата се само малку пополнети, основен или малку специфициран сервер ќе ја заврши работата за нив. Кога ќе ги утврдувате хардверските потреби, имајте предвид:

  • Колку сакате да ви работи серверот (3-5 години?)
  • Колку записи планирате да депонирате во тој временски период
  • Која ќе биде просечната големина на секој запис (за да ја пресметате големината на дискот што ќе ви биде потребен)
  • Какви хардверски специфики бара вашата избрана платформа за складиште.

Одржувањето на серверот треба да биде стандарден дел од вашиот ИТ сервис. Треба да размислите и што ќе се случи ако ви падне серверот или ако треба да го исклучите заради одржување. Во таков случај е најдобро сè да се префрли на друга машина.

Треба да одредите буџет за сервер, оперативниот систем и софтверска надградба на системот. Можеби веќе спроведувате програма за надградба, па во таков случај треба да осигурите дека однапред ќе бидете известени за другите надградби коишто може да имаат влијание врз софтверот на вашето складиште. Дополнително, можеби ќе мора сами да иницирате надградба ако увидите дека работењето на системот е опаднато на неприфатливо ниво поради зголемена употреба на складиштето.

  • Share @ Ping.mk