Ембарга на ракување
Некои од содржините поднесени во складиштето можеби имаат ембарго, кое утврдува дека содржаниот материјал не смее јавно да се дистрибуира одредено време. Кога се работи за издадени содржини, ембаргата може да се постават за да се заштити комерцијалниот интерес на издавачите. Кога се работи за тези или за дисертации, институцијата може да постави ембарго ако трудот содржи осетливи материјали; или од страна на студентот, ако тој или таа сака да издаде дел или целиот труд во блиска иднина. Битно е да се одреди која позиција ќе се заземе во однос на ембаргата и да се има стратегија за справување со нив во рана фаза; поставувањето ембарго може да дојде во круцијална фаза од ангажирањето на академската заедница во складиштето и потребно е да се има едноставно и јасно решение кога ќе се појави таквото сценарио.
Складирање текстови под ембарго и системи за предупредување
Ако некој професор сака да го депонира неговиот или нејзиниот текст (иако е откриено дека е предмет на ембарго од страна на издавачот); можеби е подобро да се направи запис за содржината во складиштето и да се прифати целосниот текст кога првпат ќе биде понуден, наместо да се оди назад кај професорот кога ќе заврши периодот на ембарго. Ова се совпаѓа со напорите за претставување за да се покаже дека депонирањето е важно и го отсликува вклучувањето на професорот во релевантна точка од нивниот работен процес. Друг пример би бил во институција каде што за тезите и дисертациите постои е-поднесување и задолжително дистрибуирање до складиштето. И покрај сите ембарга кои се можеби наметнати на трудот, до персоналот на складиштето ќе биде пратена електронска копија. Во вакви ситуации треба да постои систем за персоналот на складиштето да може да складира целосен текст на содржината за време на периодот на ембаргото; а потоа да биде известен кога ембаргото завршило и содржината може да биде вклучена во складиштето.
Механизмот според кој персоналот на складиштето ќе го складира целосниот текст, кој е под ембарго, до крајот на траењето на ембаргото ќе зависи од поединечниот софтвер и од локалната поставка. Некои софтвери на складишта имаат системи за предупредување, кои му овозможуваат на персоналот на складиштето да стави краен датум на ембаргото при создавањето; кој ќе прати предупредување на администраторот на складиштето кога ќе заврши периодот на ембаргото. Сè до тој момент, содржината била складирана во складиштето, но со ограничен пристап до неа. Штом администраторот на складиштето го добие известувањето, можат да се променат дозволите за пристап. Другите софтверски системи не нудат систем за предупредување, но дозволуваат целосниот текст на содржината да биде под ограничен пристап, прикажувајќи ја само метадатата за содржината на јавноста. Ако се постави потсетник, на пример, на друг електронски дневник, администраторот на складиштето може да ги отстрани ограничувањата на пристапот до соодветната дата. Некои администратори на складишта можат да изберат да не го користат складиштето за складирање целосни текстови и можат да се користат други методи и системи во зависност од локалните ресурси.
Алтернативен пристап до текстуална содржина
Ако за некоја содржина под ембарго во складиштето има само метадата запис, можеби е соодветно да се вклучи Дигиталниот идентификатор на објектот (DOI) или УРЛ до интернет-страницата на издавачот каде што е достапна копија на целосниот текст. Понекогаш ова е услов за издавачот да дозволи некоја содржина да биде вклучена во складиште и ќе им овозможи на оние корисници кои имаат претплатнички пристап до списанието да имаат пристап до целосниот текст за време на периодот на ембаргото.
Друга стратегија која може да се усвои во софтверот на некое складиште како мерка за држење текстуални содржини под ембарго е да се употреби копче за барање на користење содржина. Ова копче е сместено во метадата записот кога постои ембарго, што му овозможува на корисникот да контактира со авторот на трудот и да побара копија преку е-пошта или на хартија. Споделувањето на истражувањето на овој начин не го нарушува законот за авторски права (или барем нуди заштита со „вообичаена практика“) и тоа е добро востЕмбарга на ракувањеановена практика во повеќето академски заедници, од пред појавувањето на онлајн-системите за дистрибуција. Ова значи дека на корисникот кој барал содржина под ембарго, првично му бил одречен пристапот до целосниот текст, но има шанса да го добие текстот пристапувајќи му директно на авторот.
Мандати на финансиери спроти ембаргата
| За повеќе информации во врска со поединечните мандати на советите на финансиери, ве молиме погледнете SHERPA-JULIET. |
Сè повеќе, советите на финансиери бараат резултатите од истражувањата кои ги финансираат да се направат достапни за јавноста што може порано. Условите за финансирање напоменуваат дека еден од методите кој може да се употреби за ова е да се депонира истражувањето во архиви со отворен пристап, како што е складиштето. Како и да е, можат да се појават правни проблеми кога мандатот на советот на академското истражување е во контрадикција со ембаргото поставено од издавачот. Иако издавачите можат да бидат контактирани на индивидуална база за да се побара вклучување на трудовите, вообичаено се одржува ембаргото на издавачите.


