nav-left cat-right
cat-right


Типови содржина

Дигиталните складишта можат да вклучат широк опсег содржини за разни намени и корисници. Фокусот на секое складиште, а оттаму, каква содржина ќе складира, ќе зависи од решенијата кои ги прави секоја институција или управител. За да се добие идеја за типот на содржини кој сега се чуваат во складишта во светот,  Директориумот на складишта со слободен пристап – OpenDOAR го идентификувале следново како најчести типови на содржина во складиштата:

  • Научни трудови објавени во магазини
  • Библиографски одредници (само метадата)
  • Книги, оддели и поглавја
  • Документи од конференции и работилници
  • Тези и дисертации
  • Необјавени извештаи и работни документи
  • Датасетови
  • Содржински поделени наставни предмети
  • Мултимедија и аудиовизуелни материјали
  • Софтвер
  • Патенти
  • Други посебни предмети

Во рамките на политиката за содржина на складиштето, може да постои желба да се појаснат типовите на содржина кои ќе бидат вклучени, бидејќи можат да постојат области на преклопување меѓу типовите кои се погоре наведени. Листата подолу, адаптирана од основната листа на тип на содржина која ја има Епринт софтверот, може да биде појдовна точка за такво појаснување.


Публикации

  • Написи – Написи во периодиката, магазини, весници. Не мора да бидат рецензирани. Може да биде и само електронски медиум, како што е онлајн-списание или интернет-страница за вести.
  • Книги – Целосни книги или изданија од конференции
  • Извадоци од книги – Поглавја или делови од книги од поедини автори
  • Предмети од конференции или работилници – Трудови, постери, говори, предавања или презентации дадени на конференција, работилница или друг настан. Ако предметот од конференцијата е издаден во списание или во книга, тогаш молиме користете го „делот за книги“ или „написи“


Тези и дисертации

  • Студентски тези и дисертации поднесени до одредена институција, како дел од условите за диплома, вклучувајќи:
  • Докторска теза
  • Магистерска теза и дисертација
  • Универзитетска диплома

Примери од Велика Британија

Водич низ тезата на Абериствит

Меѓународни примери

Државата Јута – Формулар за одобрение, Листа за проверка


Ресурси кои се користат како поддршка на процесот на настава и учење

  • Наставни планови и учебници
  • Документи за валидација на курсот
  • Материјали за курсот – ресурси за учење, белешки од предавања, вежби за учење
  • Материјали за оценка – тестови, испитни прашања
  • Вештини за настава, материјали за поддршка и ревизија
  • Работа од студенти (вклучувајќи го и видот на содржина кој е наведен тука)


Аудиовизуелни содржини

  • Слики – дигитални фотографии или визуелни слики
  • Видеозаписи – дигитални видеозаписи
  • Аудиозаписи – звучни записи
  • Перформанс/изложба – Изложба на уметник или внес на место каде што се изведува
  • Артефакт – Артефакт на уметник или производ на неговата работа. Може, исто така, да се примени врз археолошки наоди
  • Изведба – Изведба на музички настан
  • Композиција – Музичка композиција


Податоци

  • Комплети податоци – Поврзани колекции на квантитативни податоци (на пр. табели или документ со XML податоци)
  • Експеримент – Податоци од експерименти со пропратни анализи и сиже на резултати


Сива литература

  • Патенти – Објавен патент. Затоа што сè уште необјавените патенти за апликации не би требало да бидат вклучени во складиште, бидејќи ако се направи така, тоа може да ја дисквалификува апликацијата

Следните се групирани заедно од Епринтс како Монографи, иако многумина го користат терминот „монографија“ како синоним за „книга“

  • Технички извештаи
  • Проектни извештаи
  • Документација и прирачници
  • Работни листови и документи од дискусии


Друго

Нешто што е во опсегот на складиштето, но не е покриено со другите категории.

  • Share @ Ping.mk