nav-left cat-right
cat-right


Пристапување до содржината во складиштата

Клучен фактор во разбирањето на вашето институционално складиште и придобивките што ги нуди, е да се стекне свесност за тоа како да се бара содржина на складиштето. Поголемиот дел од содржината на складиштето може да се најде со спроведување на едноставно пребарување на интернет. Сепак, одреден број клучни сервиси се развиени специјално за пребарување низ складишта. Тие обично го користат OAI-PMH протоколот, кој овозможува пософистицирано пребарување и порелевантни резултати, отколку што е можно со општите машини за пребарување онлајн. Преку обезбедување пристап до функции од високо ниво, кои покриваат цели мрежи на услуги на складишта, како што се овие, се овозможува поставување и повторна употреба на содржина.

  • BASE: е мултидисциплинарна машина за пребарување со седиште во Германија, која им дозволува на корисниците да пребаруваат материјали во складиштата со отворен пристап (ОП), ОП списанијата и други ресурси во целиот свет. Сите складишта и интернет-страници се прегледуваат за да се осигури дека во пребарувањето на BASE се вклучени само научни ресурси со висок квалитет
  • OAIster: е друга мултидисциплинарна машина за пребарување на ОП складишта, списанија и други ресурси низ целиот свет, која е лоцирана во САД. Сите складишта и интернет-страници се прегледуваат за да се осигури дека во пребарувањето на OAIster се вклучени само научни ресурси со висок квалитет
  • OpenDOAR Search: OpenDOAR го користи Google за да овозможи едноставно текстуално пребарување на сите складишта наведени во OpenDOAR. Проверен е квалитетот на складиштата за да се провери академската релевантност
  • DART-Europe:  DART-Europe услугата за пребарување во моментов овозможува пристап до тези од преку 20 европски институции
  • Intute Repository Search: пребарува низ приближно 89 складишта за вишо и високо образование во Велика Британија. Пребарувањата можат да бидат ограничени на подгрупа од складишта за поодредено пребарување


Извезување и повторна употреба на податоци од складиште

Штом складиштето има содржини, може да се случи информациите да бидат повторно искористени во други системи и за други намени. Повторно искористувајќи ги внесените податоци, може да се добијат заштеди. Податокот мора најпрво да се извезе со цел да биде повторно искористен.


Извезување податоци

Постојат различни начини на кои информацијата може да се извезе:

  • OAI-PMH: Стандардниот метод за системи на далечина да собираат содржини од складишта е користењето Протокол на архиви со слободен пристап за собирање метадата (OAI-PОMH). Ова е целосно објаснето во OAI-PMH
  • Собирање RSS: Содржината на складиште може да се направи достапна за други, користејќи RSS алатки за извоз. Кога и да додадете или да измените содржина во вашето складиште, вашиот RSS feed автоматски се ажурира и со тоа измените се проследени до сите соодветни странки. RSS алатките за форматирање потоа можат да се употребат за вметнување на податоците од складиштето во целната дестинација
  • Извозни алатки на платформата на складиштето: Секоја платформа на складиште ќе има алатка за извоз, која овозможува да се извезуваат податоците. Овие алатки ќе варираат од една до друга платформа, но обично ќе овозможуваат голем извоз на сите или некои податоци, вклучувајќи ја нивната метадата и документи
  • Алатки направени според потреба: Ако имате посебни барања, кои не можат да се исполнат или со OAI-PMH или со стандардните алатки за извоз, ќе можете да извезете податоци на поинаков начин со соодветен напор за развој

На кој било начин да извезувате податоци за повторна употреба, веројатно е дека ќе бидат потребни некои скрипти за манипулација со податоци или одреден труд за да се променат податоците во бараниот формат.


Употреби на податоците

Податоците содржани во складиште можат да имаат многу различни употреби. Некои примери вклучуваат:

  • Публикации/ библиографски бази на податоци: Многу институции имаат бази на податоци за публикациите. Податоците кои се чуваат во складиштето можат да се употребат за нивно пополнување
  • Лични интернет-страници и автоматизирани листи на публикации: Некои институции генерираат интернет-страници на публикациите за нивните членови, врз основа на содржината во базата на податоци на публикациите. Можеби ќе сакате да размислите дали текстот и метадатата, кои се достапни преку интернет-страниците на персоналот, треба да имаат линкови до складиштето
  • Виртуелна околина за учење: Складиштето може да се користи за складирање и за управување со наставни ресурси, кои потоа можат да бидат искористени од виртуелната околина за учење (ВОУ)
  • Маркетиншки системи: Насоченото рекламирање кон страниците на складиштето може да привлече нови апликанти за доктори на науки или дури и нов персонал
  • Share @ Ping.mk