Придобивки од складишта
Поставено во
Придобивки од складишта, Што е складиштето?
Дигиталните складишта имаат огромен потенцијал за додадена вредност на услуги и нудат широк спектар на придобивки за истражувачите, академските професори, институциите, глобалната истражувачка заедница и за пошироката јавност. Складиштата со слободен пристап нудат дополнителни предности, со тоа што ги земаат резултатите од истражувањата кои се веќе платени и ги прават бесплатно достапни онлајн. Овој процес може да има значителни предности за одредени автори, за истражувачи, за институции и воопшто за процесот на истражување, овозможувајќи подобрено управување на интелектуалните добивки и ослободувајќи го процесот на дисеминација. Придобивките вклучуваат:
За истражувачот:
- Зголемена видливост на резултатите од истражувањето и следствено на одделот или институцијата
- Зголемено влијание на публикациите. Истражувањето кое е направено бесплатно достапно, може да биде пошироко распространето и да има поголемо влијание. Работата спроведена врз анализа на цитати покажа дека истражувањето кое е бесплатно достапно, е полесно за цитирање.
- Нуди мерење на користењето, за истражувачите да можат да одредат колку пати е користен одреден труд
- Создава потенцијал за спроведување анализа на користењето преку следење на врски до трудовите депонирани во други складишта
- Во темите кои брзо се развиваат, како електроника, истражувачите можат да постават сė уште непечатени дела (спротивно на ревизија на трудови од страна на колеги) да бидат достапни преку складиште, за да утврдат дали се први и да добијат повратни информации
- Им помага на истражувачите да средуваат и да складираат дигитална содржина од нивното истражување, вклучувајќи ги и најбитните податоци од истражувањето
- Им помага на истражувачите да ги исполнат барањата на финансиерите, за да може публикациите да бидат достапни во складиште
- Дозволува создавање лични листи на објавени дела
За институцијата:
- Складиштето може да биде интероперативно со други универзитетски системи и да ја зголеми ефикасноста меѓу нив, споделувајќи информации
- Складиштето може да ја зголеми видливоста и престижот на институцијата (во зависност од содржината која ја има)
- Содржината во складиштето може да се истражува и локално и глобално
- И овозможува на институцијата да управува со нејзината интелектуална сопственост, подигајќи ја свесноста за теми поврзани со заштита на авторски права и го олеснува забележувањето на информации за соодветни права
- Складиште кое има висококвалитетна содржина може да се користи како „излог“ или маркетиншка алатка за да се поттикне персоналот, студентите и финансирањето
- Складиштата можат да складираат други типови содржина, која не мора да биде објавена, понекогаш позната како „сива литература“
- Материјалите за учење и настава, кои претходно биле заклучени во Виртуелни наставни средини за одредени курсеви, сега можат да се чуваат централизирано за да се зголеми потенцијалот за повторна употреба, пренамена и споделување на материјалите
- Складиштето може да биде важна алатка во уредувањето на оценката на истражувањето во институцијата или за поднесување оценка на квалитетот
- Складиштата можат да обезбедат заштеда долгорочно, ако се земе предвид дека во нив е депонирано значајно количество содржина
- Нуди поголема флексибилност од интернет-страниците со подобра безбедност и зачувување различни видови дигитални материјали
За глобалната заедница:
- Помага во соработката при истражувањата, олеснувајќи ја слободната размена на научни информации
- Помага во јавното разбирање на истражувачките потфати и активности


