Интероперативност и интеграција
Интероперативност и интеграција се термини кои ја опишуваат соработката на вашето складиште со други системи, користејќи општи стандарди и протоколи. Битно е вашето складиште да биде интероперативно со другите системи со цел вие да ги соберете сите придобивки кои доаѓаат од споделувањето на информации. Интеграцијата се однесува на процесот на поставување на вашето складиште да може да работи со други системи, за да можат податоците да течат од еден систем во друг. Без заеднички стандарди, би било тешко да се интегрираат различни системи. Протекот на информации се движи помеѓу интероперативни системи, користејќи меѓуврски кои обезбедуваат патеки во и надвор од информатичките системи. Понекогаш, меѓуврските се користат директно од страна на луѓето (на пр. корисник на мрежата има меѓуврска со RSS feed), а понекогаш ги користат машините (на пр. OAI-PMH и SWORD). Меѓуврските користени од машините понекогаш се именувани како м2м (машина до машина) меѓуврски.
Постојат различни начини како вашето складиште да соработува со други системи. Трите типови на интеграција се:
- Интеграција со надворешни системи за да се внесат содржини во складиштето: Складиштата често се пополнувани со содржини кои се поднесени користејќи го софтверот на складиштето, но постојат многу случаи каде што информациите се прибрани од надворешни системи. Вообичаена практика е да се пополни складиштето од институционална база на податоци за публикации. Друг начин на работа е да им се обезбедат на депозиторите паметни алатки за депонирање на нивниот личен сметач, кои се интегрираат во нивната работна средина за да се помогне при регистрирањето на нивната тековна работа. Најшироко прифатен стандард за депонирање на содржини во складиште е SWORD.
- Интеграција со системи за да се извадат содржини од складиште: Кога веќе складиштето содржи корпус од корисни информации, може да се интегрира со други системи кои сакаат да ги користат тие податоци. Тоа може да бидат локални системи, како што се институционални машини за пребарување или интернет-страници на истражувачи, национални системи, како што е EThOS, или меѓународни системи, како што се Google Scholar или OAIster. Еден од најчестите методи за извлекување на структурираната метадата од содржините во складиштата е „жнеење“, со користење на стандардниот протокол Протокол на иницијативата за архиви со слободен пристап за собирање на метадата (OAI-PMH). RSS feed се уште еден стандарден механизам кој им овозможува на складиштата да обезбедат информации на други системи; во овој случај читачи на RSS feed.
- Интеграција со системи кои даваат услуги за складиштето: Софтверот за складишта се специјализира во складирање содржини и метадата, но често може поефикасно да работи ако користи услуги обезбедени од други системи. Вообичаен систем на чие користење најчесто се конфигурирани складиштата се системите за локална автентикација, како Shibboleth, LDAP или Active Directory. Овие сервиси му овозможуваат на складиштето да бара кориснички имиња, лозинки и детали за корисникот (име, е-пошта, број на телефон и др.) од централно управуван систем. Други системи кои можат да обезбедат услуги на едно складиште може да вклучуваат оценување на форматот (JHOVE), скенирање за вируси на апсорбираните документи, или надворешно складирање документи.
Поддршката за секоја од овие можности на интеграција варира со секоја софтверска платформа за складиште, но поголемиот дел сега поддржуваат интеграција со следниве стандарди:
- Shibboleth
- LDAP/Active Directory


