nav-left cat-right
cat-right


Што е складиштето?

Дигиталните складишта се средства кои овозможуваат управување, складирање и пристап до дигитални содржини. Складиштата може да имаат многу облици и секакви интернет-страници и бази со податоци можат да се сметаат за складишта. За целите на оваа инфо-алатка, примарно ќе се осврнеме на институционалните (со слободен пристап) складишта.

Ставањето дигитална содржина во институционално складиште, на институциите им овозможува да управуваат со неа и да ја зачуваат и со тоа да извлечат максимална корист од неа. Покрај тоа (што е и од клучна важност), на институцијата ù овозможува да создаде своја дигитална содржина (на пример, ресурси за обука или резултати од истражување), кои ќе бидат достапни во формат со слободен пристап. Ова складиште може да поддржува истражувања, алатки за обука и административни процеси.

Дигиталните складишта може да вклучат широк опсег на содржина за повеќе различни намени или корисници. Тоа што може да влезе во едно складиште, моментално е помалку прашање на технолошки или на софтверски способности, отколку што е прашање на одлука која ја носи секоја институција или администратор. Вообичаено, во содржината може да се вклучат резултати од истражување, како што се научни текстови или податоци од истражување, електронски формат на тези, теми за обука и наставни материјали и административни податоци. Некои складишта опфаќаат само одреден вид внес (како што се тези или написи од научни весници), додека други имаат за цел да приберат какви било издржани научни работи кои ги произвела одредена институција; лимитирани само со правата кои секој автор ги има во однос на објавување на трудот. Сепак, некои покомплексни цели (веб-страници, алатки за учење за одредена тема, 3-д топографски претстави и друг таков комплет на податоци) може да претставуваат технолошки предизвик.

Една од предностите на складиштето е тоа што секое парче содржина може да се опише во детали преку внесот на поврзаната „метадата“. Нејзината функција е слична како на каталог на податоци од системот за архивирање во библиотека и дозволува пребарување низ објектите во магацинот. Ако складиштето употребило соодветен метод за изложеност на податоците за прибирање на метадата (како што е Иницијатива за протокол за отворени архиви за прибирање на метадата и/или RSS), тогаш метадатата може да се употреби од страна на надворешни сервиси и да биде достапна пошироко во светот. Складиштата користат отворени стандарди за да се осигурат дека содржината која ја имаат може да се пребарува и да се чува за подоцнежно користење. Користењето на овие договорени меѓународни стандарди овозможува поставување механизми за внес, изнес, идентификација, чување и повторно користење на дигиталната содржина во едно складиште.

  • Share @ Ping.mk