nav-left cat-right
cat-right


Управно тело на складиште

Добро избрано, добро информирано и посветено управно тело може да даде значаен придонес кон одржливиот успех на едно складиште. Управното тело на складиштето (или одбор на проектот, менаџмент комитет и сл.) е одговорно за управувањето со складиштето на највисоко ниво во името на високообразовната институција (ВОИ). Управното тело се грижи стратегиските цели на складиштето да бидат во иста насока со оние од покровителската организација, како и да бидат обезбедени потребните ресурси за да може складиштето да биде ефикасно. Тоа е форум за дискусии и донесување одлуки, за одобрување или неодобрување планови и активности, за арбитража и пронаоѓање решенија и треба, исто така, да раководи со сите активности од полето на публицитет и дисеминација во однос на складиштето. Едно управно тело може да се оформи со ограничен мандат, за да надгледува проект на складиштето, кој е со утврдено траење; или може да има надлежност за едно складиште, како долгорочна, независна грижа со или без елемент на проект.


Проектна задача

Проектните задачи им помагаат на учесниците и на другите лица да ја разберат улогата на управното тело. ВОИ често имаат стандардни проектни задачи за нивните одбори на проекти и комисии. Така, тие вообичаено се користат на почеток, со адаптација онаму каде што тоа е соодветно за да се рефлектира врз надлежностите на складиштето. Проектните задачи за едно типично управно тело може да опфатат некои или сите од следниве теми:

  • Надзор над имплементацијата и работењето на складиштето
  • Креирање на политиката и донесување на стратегиски одлуки
  • Следење буџети и ресурси за вработување, осигурувајќи се дека сите неопходни ресурси му се доделени на складиштето и дека сите планови се реално остварливи
  • Следење на прогресот на плановите и договорените цели; проценка
  • Надзор и подобрување на промоцијата на складиштето на сите нивоа во рамките на ВОИ и максимизирање на можностите за јавност и дисеминација
  • Преглед на резултатите и нивното влијание во ВОИ и на други места
  • Одржување и свесност за слични активности и иницијативи и можности за финансирање, на национално ниво и во светот
  • Редовно известување, било до именувани повисоки лица или до покровителската комисија
  • Обезбедување на долгорочната одржливост на складиштето, осигурувајќи се дека тоа е цврсто вклучено во стратегиското размислување на институцијата Прашања поврзани со секојдневното работење и пополнување на складиштето може да опфатат:

Прашања поврзани со секојдневно управување и полнење на складиштето може да опфатат:

  • Соодветни заслуги на депонирање со посредништво и вистинско „самостојно архивирање“. Дали првото или второто има поголема веројатност да резултира со депонирање содржина и кои се импликациите за успех на складиштето?
  • Политики за авторски права и институционална толеранција на ризик
  • Политика на прибирање материјали. Кои видови истражувања треба да ги исполнуваат условите за депонирање?
  • Програмата за пропагирање. Кога да ù се обратите на одредена целна група и како најдобро да се добие нивната поддршка?
  • Проценката на можностите за финансирање надворешни проекти

Прашања поврзани со местото на складиштето во поширока институционална рамка може да опфатат:

  • Потенцијалот на складиштето да служи како сеопфатна база на податоци
  • Поддршка на подготовката на една институција и нејзиниот успех во проценка на надворешните истражувања
  • Потенцијалот на складиштето да придонесе за успех на складиштето во веб-рангирањето кај националните и меѓународните мрежи и табели на лиги

Примери на долгорочни стратегиски прашања за ВОИ, кои може да бидат под влијание на управната група на складиштето може да бидат:

  • Управување со кураторството на дигиталните објекти кои не се резултати од истражување, како што се примарни комплети на податоци и колекција на слики од одреден оддел
  • Институционална стратегија за дигитализација
  • Институционална стратегија за дигитално зачувување

За да може управното тело да има влијание и да биде во контакт со пошироката институционална стратегија, тоа треба на позицијата претседавач да има повисок член или вработен, идеално заменик-претседателот/ заменик-канцеларот/ директорот одговорен за истражувања или претседавачот на покровителската организација (ако е тоа применливо). Покрај претседавачот и менаџерот на складиштето, во управното тело може да бидат вклучени и следниве:

  • Главниот библиотекар и други вработени во библиотека
  • Повисоки службеници за поддршка на компјутерската технологија
  • Административни службеници задолжени за истражување
  • Вработени со одговорности за проценка на истражувања
  • Претставници од одделот за корпоративна комуникација/маркетинг
  • Академски истражувачи од различни дисциплини

Високата функција е помалку важна од способноста да се презентираат потребите на истражувачите и да се усоврши складиштето во рамките на одредена група. Уметничките практики и формати може да бидат интересен предизвик и не треба да се занемаруваат!

Управната група треба да се среќава доволно често за да пружа континуирана поддршка, а тоа да не е толку често за да се занимава со секојдневни детали. Во една ВОИ може да се доволни средби на одреден фиксен период. Подолу се некои елементи потребни при планирање на структура на средбите:

  • Вообичаена шема на институциите за средби на комитети
  • Распоред на состаноци на покровителската комисија, ако е тоа применливо
  • Времето на внатрешните финансиски средби
  • Барања и временски рамки на кои било специфични проекти за кои е одговорно управното тело
  • Share @ Ping.mk