Стратегиска рамка на складиштето
Сеопфатна стратегиска рамка е клучната алатка со којашто се утврдуваат оперативните рамки во коишто ќе функционира складиштето. Со неа се поддржува секојдневното менаџирање на складиштето, истовремено земајќи ја предвид долгорочната визија за идните оперативни активности. Интегрирани стратегии кои нудат поддршка, исто така се показател за нивото на посветеност на организацијата и се од суштинско значење за тоа дали складиштето ќе биде успешно вградено во пошироката организациска структура. Јасна и видливо поддржана стратегиска рамка за складиштето вреди многу повеќе отколку да се има само апстрактна поддршка на повисоко ниво. Со неа, исто така:
- Се олеснува разбирањето кај засегнатите страни: разјаснети се одговорностите и линиите на комуникација, јасно се дефинирани процесите, промовирани се еднаквост, стандардизација и доследност. Сево ова придонесува кон зголемена и полесна употреба на складиштето
- Обезбедува поддршка за складиштето: процесот на донесување одлука е формализиран и олеснето е одобрувањето од менаџерскиот тим. Со ова сениорскиот менаџерски тим е вклучен и обезбедува поддршка и придонес за складиштето гледано од долгорочна перспектива
- Помага при процесот на планирање и донесување одлуки: ризиците подобро се сфаќаат и се менаџираат, олеснето е почитувањето на правото на интелектуална сопственост и изложени се импликациите кои се резултат од работењето со различни видови ресурси. Овие резултати придонесуваат кон тековното, секојдневно менаџирање на складиштето.
Некои, но не сите стратегии можеби ќе треба да бидат формализирани како законски договори. Ова особено се однесува на дефинирање на дозволата за депонирање и дозволата за употреба со којашто ќе треба да се согласат корисниците. Дозволите се корисна алатка за справување со ризиците поврзани со одржувањето на складиштето.
За да се осигури дека стратегиската рамка е сеопфатна, менаџерот на складиштето треба да побара во пошироката организациска структура да се интегрираат повеќе политики. Тие може да се класифицираат во две главни насоки: стратегиски и оперативни, а следните делови од овој комплет, за возврат ќе се справат со секоја од нив.


