Стратегии за содржина
Со паѓање на една домино коцка не се постигнува многу, но со паѓање на цел ред се предизвикува незапирлива верижна реакција. Менаџерите на складиштата осознаа дека на ист начин може да се рекламира содржината со насочени напори. Дел од пристапите се наведени подолу.
Групно вчитување на метадата – само податоци
Пополнување на вашето складиште со записи само со метадата (библиографски) е брз начин да освоите поени кај администрацијата, која е фокусирана само на нумерички индикатори, додека во исто време им давате помала предност на корисниците од истражувачката заедница. Ова може да биде клучен момент за успешно депонирање материјали преку идентификација на сите документи објавени во институцијата и ќе имате јасна слика за авторите кои сакате да ги таргетирате преку фокусирана пропагандна кампања. Исто така, потребата од работење со вашата истражувачка единица за поддршка (или слично), за пристап до нивната база на податоци со публикации може да понуди синергетски можности.
Меѓутоа, многу е важно да развиете сопствен сервис во којшто вие ќе ги ставате библиографските записи со целосните текстови, со што ќе им овозможите на крајните корисници едноставно да дојдат до содржината. Најпосле, додека го пополнувате складиштето со сите евидентирани објавени материјали на институцијата може да увидите колку долг пат треба да изодите за да постигнете реално ниво на успешно популирање податоци во складиштето. Тоа истовремено може да влијае и демотивирачки откога ќе го споредите обемот на работа со можностите на вашиот тим. Можеби ќе биде подобро да ги зачувате метадатата – само податоци во „темниот“ дел на складиштето, каде што ќе може да ги користи само менаџерот на складиштето, но нема да бидат и јавно достапни, сè додека не бидат поврзани и со целосен текст со серија битови.
Целосни текстови наспроти метадата – само податоци во складиштата
Во заедницата на складишта се води дебата за тоа дали складиштата треба да содржат само записи кои ќе бидат достапни како целосни текстови или дали се корисни и складишта кои содржат метадата – само податоци, без да бидат поврзани со целосниот текст. Ако целосниот текст не е вклучен, може да се мисли дека се оди против принципот на отворен пристап, што може да ги разочара корисниците на складиштето дека немаат пристап до целосниот текст. Меѓутоа, вклучувањето метадата – само податоци, сепак го нагласува постоењето на делото кај пошироката публика преку пребарување или истражување, правејќи го повеќе видливо. Метадата – само податоци може да ви пружи поцелосна слика за резултатите од истражувањата на еден научник, оддел или институцијата, што може да биде корисно за истражувачкиот менаџмент при внесување профили на персоналот или нивната кратка биографија. Дали ќе ги вклучите метадата – само податоци во вашето складиште или не, е нешто што треба да го разгледате како дел од вашата политика на собирање, која е содржана во стратегиската рамка. Меѓутоа, првичното вклучување на метадата – само податоци за некој запис еден период да биде под ембарго, а кога ќе бидете во можност да му го додадете целосниот текст, може да биде едно решение како да ги третирате записите под ембарго во вашето складиште.
Групно внесување
Поголемиот дел платформи за складишта имаат вградена можност да прифатат групно внесување податоци. Понекогаш овие податоци може да бидат испратени од различни платформи на складишта, од локален истражувачки менаџмент систем, од личен библиографски менаџмент систем или од комерцијален систем за апстрахирање и индексирање. Со групно внесување податоци се овозможува збир податоци автоматски да бидат внесени со еден потег.
Како функционираат: Секоја платформа на едно складиште има свои одбрани формати за групно внесување податоци. Од хмл фајлови коишто содржат метадата и линкови до фајлови, зипувани фајлови или ЦВС формат. Форматот детално е опишан во документацијата за платформата на вашето складиште. Ако имате пристап до техничкиот персонал којшто лесно ќе ви ги преформатира податоците од еден формат во друг, тогаш тие лесно ќе можат и да ви ги конвертираат податоците во вистинскиот формат. Метадата за секој запис треба да бидат зачувани заедно со сите придружни фајлови. Складишните платформи најчесто ги испраќаат податоците во истиот формат во кој тие се внесуваат во складиштето. Затоа е можно да се испратат записи од едно складиште и директно да се внесат во друго коешто ја користи истата платформа. Испраќањето записи е исто така добар начин да се испита форматот на фајлот за да се види како работи.
Стандардизиран пристап: Секоја платформа на складиште има свој формат за внесување податоци. Ова може да предизвика проблем ако сакате да го внесете истиот збир записи во неколку хетерогени складишни системи. Можно решение е да го користите SWORD како стандардизиран систем за депонирање. SWORD пакетите може да се депонираат истовремено во секое од избраните складишта.
Вклучување на административниот персонал
Администраторите на оддели и сличен персонал може многу да помогнат при пополнувањето на складиштето и ширење на маркетиншката порака. Администраторите често веќе ги одржуваат базите на податоци на публикациите и целосниот текст и библиографијата. Тие, исто така, имаат доверба кај научниот персонал со којшто соработуваат и се моќни посредници кога треба да комуницирате за работи поврзани со складиштето. Нивното вклучување како примарни депоненти за група научници, откако ќе поминат соодветна обука, може да овозможи брз протек на материјали во складиштето. Ова, исто така, помага и да се смират грижите на научниците за времето потребно за оваа активност.
Недостаток на користењето на овој пристап може да биде намалено ниво на приоритет на складиштето во очите на научниците, од виталната истражувачка функција во помошна административна задача. Ова неспорно, не може да биде очигледно сè додека нема барање за директен пристап до издавачот со барање за отворена дозвола за ревизија на една статија и тогаш ќе се открие дека научниците се ослободени од научната комуникациска дебата. Затоа од витално значење за долгорочен успех на складиштето е да се продолжат активностите во кои научниците се директно вклучени.
Вклучување друг персонал
Онаму каде што е можно вклучете што поголем дел од персоналот во планираните активности, класичниот маркетинг и пропаганда. Повеќе луѓе ќе ја олеснат работата и ќе помогнат вашата порака да допре до поголем дел од јавноста. Меѓутоа, важно е да се задржи контрола на ситуацијата со цел да се осигури дека сите вклучени страни се свесни за клучната порака и правилата на складиштето. Веројатно, од суштинско значење е тие да поседуваат непоколеблива свест за планираниот иден развој.


