nav-left cat-right
cat-right


Статистика на користењето

Постојат многу причини зошто една институција ќе има складиште. Една од главните водилки на развојот на складиштето беше „слободниот пристап“, кој ги става резултатите од истражувањата на една институција во јавниот домен. Статистиките на користењето можат да се искористат за да покажат колку посетители ги симнуваат содржините чувани во складиштето. Оваа информација може да се искористи на многу начини, вклучувајќи:

  • Следење на бројот на посетители со цел за нивно зголемување со текот на времето
  • Квантитативно анализирање на популарноста на содржините меѓу нив
  • Следење на повратните линкови до содржини
  • Охрабрување на понатамошно депонирање во складиштето, докажувајќи ја корисноста на содржините кои веќе ги има


Статистички алатки

На располагање се три главни типови статистички алатки кои можат да помогнат обезбедувајќи сеопфатен преглед на искористеноста на вашето складиште:


Вградени алатки за известување на складиштето

Повеќето платформи за складишта имаат вградена алатка за известување и статистика. Алатката најверојатно ќе го запише бројот на посетители за секоја содржина и бројот на симнувања на документите вклучени во таа содржина. Понекогаш е возможно да се вклучи и бројот на страници на содржината за да можат посетителите да ги видат. Со текот на времето статистиката може често да се гледа, на пример, за да се споредат симнувањата во последните месеци или години. Овој вид груба, лесно разбирлива статистика е корисна за претставување бидејќи обезбедува лесно разбирливи бројки кои ја докажуваат ефикасноста на складиштето за пристап до чуваните ресурси на интернет.

Складиштето ќе регистрира посети на содржината кога лицата-корисници ги гледаат содржините и преку пајаци, на машини за пребарување, ползат по мрежата и ги индексираат страниците. Освен ако известувањето може да ги препознае и според тоа да не ги брои посетите од овие пајаци, бројот на посети кој ќе го регистрира складиштето ќе биде повисок отколку во случајот на вистински човечки читатели кои ги користат содржините на складиштето.

Вградените алатки за статистика во платформата на складиштето обично известуваат за внатрешни статистики, како што е бројот на корисници кој го има складиштето, колку депонирања на содржини се случиле или од кој тип се депозитите. Овие статистички алатки се корисни за известување за целите за внатрешна употреба за персоналот на складиштето и колкав дел од производот на институцијата тековно е собран во складиштето.


Анализатори на записите на веб-серверите

Секогаш кога некој корисник ќе го посети складиштето, се зачувува запис за нивните пристапи кон страницата од страна на веб-серверот користен од платформата на складиштето. Оваа информација генерално е основна, но е точна. Постојат алатки кои ги анализираат овие записи за да создадат табели и графикони за употребата на складиштето. Тие ја запишуваат ИП адресата на корисникот, датата и времето кога била посетата, која интернет-страница ја гледале и опционално дополнителни информации, како што е тоа од која страница дошле (кој линк го следеле до складиштето) и кој интернет-пребарувач го користеле.

Статистичките извештаи генерирани од овие алатки не ги разбираат платформите на складиштата и затоа не можат да обезбедат извештаи за содржината на складиштето. Наместо тоа, тие известуваат само за посетителите на нивното користење на складиштето. Како што е со вградените алатки на складиштето, освен ако не се исклучени од системот, извештаите ќе вклучуваат посети и од луѓе и од пајаци на машини за пребарување. Посетите на пајаците, најверојатно, ќе ги искриват резултатите и ќе покажат зголемување над реалниот број на луѓето-корисници.


Јаваскрипт аналитички алатки

Третиот тип статистичка алатка е обезбеден од централизиран систем кој ги следи посетителите до вашето складиште и ги праќа деталите назад до централниот систем. Кога се користи таков систем, ќе добиете инструкција да внесете неколку линии од Јаваскрипт код во секоја од страниците на вашето складиште. Ова обично се постигнува со обработување на општ документ за заглавие или фуснота, кој автоматски се применува на сите страници во вашето складиште. Кога некој корисник ја посетува интернет-страницата на складиштето, нивниот пребарувач ќе ја изврши Јаваскриптата која ги праќа информациите за нивната посета до централниот сервер. Централниот сервер може да ги собира статистиките во статистички извештаи. Јаваскрипт аналитичките алатки нудат многу комплексни информации за пребарувачкото однесување на корисникот и можат да изведат задачи, како што е покажување на неговата патека низ складиштето од влезот до излезот. Една типична патека може да доаѓа од машина за пребарување, гледање содржина и пребарување за понатамошни содржини.
Најпознатата Јаваскрипт аналитичка алатка е Google Analytics и некои платформи на складишта се однапред конфигурирани да го поддржуваат Google Аналитика. Една голема предност на овие системи е дека тие во принцип не се подложни на регистрирање додатни посети од машини за пребарување, бидејќи не е веројатно дека ползач од некоја машина да користи Јаваскрипт кој го регистрира неговото гледање на страницата.

Секој од овие методи има различни силни и слаби страни во поглед на статистиката, која можат да ја произведат и секој нуди поинаков поглед на информациите. Затоа е веројатно дека ќе одберете две или повеќе опции за вашето складиште со цел да можете да добиете сеопфатен преглед на користењето на вашето складиште.

  • Share @ Ping.mk