Правна и стратегиска рамка
Правните аспекти за одржување на складиштето бараат сериозна анализа на раководно ниво во институцијата, особено во врска со правилно справување со ризикот со авторските права во рамките на содржината на складиштето. Во ова поглавје се содржани клучните точки на коишто треба да им се обрне внимание. За да се справите со ризикот поврзан со авторските права и со останатите правни прашања, коишто може да произлезат од употребата на складиштето, клучно е да се оформи стратегиска рамка во којашто ќе се работи.
Дефинирање на стратегијата е паралелно со дефинирање на правните одредби и е база за формирање на складиштето. Стратегиската рамка дава структура во дефинирањето и во снимањето на одлуките коишто произлегуваат од процесот на формирање складиште и обезбедува доследност на нивната примена во секојдневната работа на системот. Стратегиите кои истовремено може да ги читаат и човек и машина, овозможуваат ефективна употреба на складиштето и на локално и на глобално ниво. Тие помагаат складиштето да се вгради во пошироката организација и да придонесе во неговото менаџирање на повеќе различни нивоа. Тоа се, исто така, „живи“ документи коишто треба редовно да бидат ревидирани и оценувани за да се осигури дека се актуелни и во согласност со променливите организациски барања.


