Оперативни политики
Стратегиските политики се занимаваат со пошироката слика и тие ќе бидат вклучени во секојдневната работа на складиштето. Деталите за секојдневната работа се дефинирани со оперативните политики. Оперативните политики се клучна алатка за широка лепеза луѓе вклучени во практичните аспекти на водењето на складиштето.
Областа на оперативни политики опфаќа:
Политика за депонирање
- Кој може да депонира?
- Каков вид материјали може да се депонираат и во каков формат?
- Какви мерки се потребни за проверка на депозитот, ако треба?
Политика за прибирање
- Дали складиштето ќе се фокусира на специфична дисциплина или ќе се однесува на целокупните научни резултати?
- Каков вид материјали се барани?
- Каква метадата треба да биде собрана?
- Какви верзии се прифатливи?
- Дали рецензиите или квалитативните оценки треба да бидат имплементирани?
Политика на чување
- Колку долго складиштето ќе ги чува депозитите?
- Дали тоа може да се гарантира?
- Во какви формати треба да бидат зачувани?
Политики на користење
- Што можат да направат крајните корисници и сервиси со метадата и содржините на складиштето?
- Како треба да се менаџираат ограничувањата од издавачите или ембарга?
- На кое ниво треба да биде дозволено користење материјал од складиштето, пр. на ниво објект по објект?
- Дали постои политика за отстранување за да се заштитат авторските права или друг вид прекршување?
|
Повеќе информации OpenDOAR стратегиска алатка е едноставен начин за администраторите на складиштето да ја формулираат и/или да ја презентираат политиката на складиштето. Нуди серија табели за проверка и листи за сите клучни стратегиски опции. Складишта коишто се занимаваат со аудиовизуелни и научни материјали може да пронајдат богатство од стратегиски совети и примероци на Алатки за стратешка соджина на правата од интелектуална сопственост. Примери од Велика Британија за стратегиски документи Политики за архивирање на истражувањата во Оксфорд Известување за архивирање на истражувањата во Оксфорд и процедура за отстранување Услови за услуги на Филпејперс Политики на Универзитетот во Лечестер Меѓународни примери на стратегиски документи Мисија и политика за развој на колекциите на Џорџија Тек |
Информации и политика за отстранување
|
Примери: Web2Rights (PDF) |
Политиката за отстранување служи за да се минимизира институционалниот ризик, несоодветните материјали да станат достапни преку складиштето. Исто како што институциите ретко проверуваат какви содржини става еден автор на други веб-страници, складиштата можат да понудат можност авторите да ја објават својата работа со лично знаење. Ова е делот од концептот за дозволата за депонирање, со кој се бара авторите да ги прифатат авторските права и одговорноста за содржината на материјалот којшто го депонираат. Меѓутоа, што ќе се случи ако има поплака од некој читател? Поплаките може да бидат автентични, несериозни или погрешни и ќе биде потребно одредено време за да се определи во која категорија спаѓаат. Важно е однапред да се знае какви мерки треба да се преземат за да се справите со ситуацијата.
Со политиката за отстранување треба да се нагласи каква акција треба да се преземе, кој да ја преземе и во кој временски рок, за да се среди ситуацијата. Тоа може да биде нешто едноставно, како, на пример, да се каже дека која било жалба ќе биде разгледана за ‘x’ часа од приемот во работен ден, а за 24 часа или помалку ќе се процени дали јавниот документ ќе биде отстранет. Тука се јавува потребата од дефиниран процес со кој поплаката ќе биде соодветно процесирана и ќе се преземе соодветна акција.


