nav-left cat-right
cat-right


Обука за персонал на складиште

Како и кај сите работни места, и позициите менаџер на складиште и администратор бараат соодветна обука, во зависност од индивидуалното искуство и квалификации.

Искуство во работење со библиотекарски системи, метадати и авторски права се предност за позицијата менаџер на складиште или администратор. Техничките способности и познавањето на складишните системи, исто така, се сметаат за предност. Вашиот снабдувач на софтвер за складиште (со отворен пристап или комерцијален) треба да може да ви обезбеди техничка обука, а проекти како Проект за поддршка на складишта (ППС) и Совет за истражување на складишта на Велика Британија може да понудат поддршка во тој процес и да ги споделат најдобрите искуства од практиката.

Обуката треба да овозможи:

  • персоналот да го користи складиштето
  • авторите да депонираат материјал
  • персоналот на складиштето да го креира и да го дефинира вашето складиште
  • персоналот на складиштето да го менаџира складиштето
  • персоналот за техничка поддршка да го имплементира вашиот дизајн и барања
  • персоналот за техничка поддршка да го интегрира вашето складиште во вашата локална информатичка средина

Професионални библиотекарски организации, како што е CILIP, исто така, често нудат курсеви за обука поврзани со области, како метадата и авторски права, како и за други „меки“ вештини, како што е менаџмент, промена на менаџмент и приспособување, кои можат да бидат применети за подобрување на улогата на менаџер на складиштето.

  • Share @ Ping.mk