Клучни засегнати страни
Има многу индивидуи и групи во рамките на една институција, кои можат да имаат придобивки од складиште и кои заради тоа може да се идентификуваат како внатрешни засегнати страни. Бидете сигурни дека сте ги идентификувале сите кои имаат интерес и сте ги одредиле клучните придобивки кои ќе се однесуваат на секоја група. Со тоа се осигурувате дека вашето институционално складиште (ИС) ќе почне на позитивен начин и ќе има широка поддршка.
Постојат две критични причини да се идентификуваат засегнатите страни:
- Да се промовира – Менаџерот на складиштето треба да ги убеди другите во придобивките од едно институционално складиште. Целта на ова е обезбедување поддршка, финансии или договор во принцип за инсталација на ИС. Постои потреба да се поддржи концептот на складиштето и да се поттикне неговата употреба.
- Да се консултира – Менаџерот на складиштето треба да ги вклучи локалните засегнати страни во дискусија за идентификување на нивните барања, интереси или грижи во однос на услугата
Некои клучни засегнати страни на едно складиште се идентификувани подолу:
Универзитетски администратори, виш менаџмент и креатори на политики
Оваа група засегнати страни во целост ја претставува институцијата. Често од менаџерот на складиштето ќе се бара да го продаде концептот на складиштето на овие клучни лица одговорни за донесување одлуки. Целта на иницијалната комуникација со оваа група ќе биде да се вметне концептот на складиштето на стратегиската агенда на институцијата и да се олесни дискусијата за тоа како може да се интегрира во постоечките рамки на информатички менаџмент. Следствено, оваа група на засегнати страни ќе спроведе важна задача и ќе го одобри, ќе го поддржи ИС и ќе вложи од времето на вработените и ресурсите.
Научниците како автори и истражувачи
Научниот кадар игра различни улоги во врска со складиштето: придонесува со содржина, истражувања и откривање резултати од истражувања. Еден од најзначајните предизвици со кој ќе се соочи управителот со складиштето е да се убедат научниците да поднесуваат содржина во складиштето.
Библиотекарски персонал
Дискусиите за складиште често потекнуваат во рамките на библиотеката на организацијата и управителите со складишта често имаат искуство во библиотека. Работењето со складиште соодветствува со професионалните вештини, кои се стекнуваат во библиотека и ја засилува улогата на библиотеката во пошироката организација. Библиотекарскиот персонал често се вклучува во процесите и во работата во рамките на складиштето, обично кога се вклучуваат во промовирањето на неговата употреба преку нивните силни врски со академската заедница.
Персонал за техничка поддршка
Техничкиот персонал исполнува витална улога во инсталирањето, конфигурирањето и одржувањето на софтверот и апаратите на складиштето. Управителите на складишта мораат да развијат јасна комуникација со техничките колеги, кои треба да ја разберат намената на складиштето и како се вклопува во стратегиската визија на институцијата.
Друг помошен персонал
Овде може да се вклучи персоналот кој ги средува производите од истражувањата на институцијата; администратори на оддели и секретари (кои можат да ја организираат содржината во името на научниците); офицери за авторски права (кои ќе бидат извор на совети и експертиза); или офицери за развој (кои можат да помогнат да се достави пораката на складиштето до пошироката академска заедница).


