Евалуација на складиште
Секоја институција ќе развие критериуми кои ќе го дефинираат успехот или неуспехот на нејзиното складиште. Ова можат да се локалните состојби и очекувања кои ќе треба да се исполнат. Администраторите ќе мораат да се потрудат складиштата да ги имаат критериумите за успех, кои се поврзани директно со нивниот деловен план и со индивидуалните потреби на засегнатите страни.
Воопштено гледано, може да се каже дека е успешно она складиште кое ги задоволува потребите на научниците во неговата институција за да ги прави достапни резултатите од нивните истражувања на најширока можна публика и да го олеснува нивното откривање и доставување. Во практика, ова значи:
- складиштето кое е прифатено во информациската околина на институцијата и е интегрирано со други веб-сервиси кои ги овозможува институцијата
- складиштето е прифатено од страна на научниците и е составен дел од нивните работни навики; и како складиште во кое се депонираат информации, но исто и дел од поголема мрежа од складишта која ја користат научниците за да бараат и да добиваат информации
- сите прашања кои се однесуваат на корисничката меѓуврска на складиштето за депонирање материјал се дефинирани и во рамките на институцијата се користи успешен процес за уредување на внесените материјали. Тоа може да биде самоархивирање од страна на научниците, олеснето архивирање од страна на асистентите во нивните оддели или целосна услуга која ја нуди библиотеката за депонирање на материјалите во името на научниците.
Дали мерењето на успешноста на складиштето треба да се фокусира на мерењето на апсолутниот квантитет на материјалите во складиштето? Дури и ако секој резултат од истражување од една институција е ставен во складиште, апсолутната мерка на квантитетот, сепак, може да донесе погрешни заклучоци ако се споредува складиште на високопродуктивна институција, со помалку продуктивна. Броењето на резултатите на истражувањата на овој начин подобро е да се претстави како пропорција на вкупните резултати на институцијата.
Кои мерки треба да ги примениме на различните резултати од истражувањата? Треба ли институцијата да ги мери релативните пропорции на типови на резултати од истражувања кои се чуваат во него – пропорционален однос на непечатени со испечатени и со документи од конференции. Една од тешкотиите со секоја статистичка мерка е дека тогаш резултатите се споредуваат со оние на другите институции, кои можат да имаат многу поинаква основа за нивното складиште или за нивните истражувања.
Во нивната сегашна форма, складиштата не се развиваат за да ги сменат методологиите на истражувањата, туку да ги одразат. Складиштето е тука за да ја поддржи онаа култура на резултати од истражувања, која постои во рамките на академските дисциплини на кои им служи. Оттаму, успешно складиште за оддел по уметност може да нема е-принтови во форма на статии во списанија, туку да содржи само мултимедијални резултати.
Иако би било пожелно ако складиштето има висок процент од вкупниот резултат од истражувањата на една институција, едно складиште може подеднакво да се опише како успешно во одредена мерка ако дава отворен пристап до одреден број/ висок број резултати од истражувања на начин кој ја зголемува нивната употреба за висок/низок процент.
Затоа, ако складиштето има мало количество материјали, но тие се користат на широко, може да се опише како успешно. Складиштето кое има големи количества материјали, каде што употребата се зголемила, не мора да биде спектакуларно, тоа исто така може да се опише како успешно.
На пример, иако eTheses складиштата во моментов не содржат висок процент од вкупните тези, зголемената употреба на материјалите од тезите секако ги прави овие складишта „успешни“.
Секако, употребата на квантитативни мерки е често пресудна во градењето или во одржувањето на деловниот успех во рамките на една институција, но треба да се води сметка таквите мерки да ги рефлектираат вистинските стратегиски намери и додавање вредност на складиштето.


