nav-left cat-right
cat-right


Зачувување

Агенции на Велика Британија за зачувување

Дигитален кураторски центар (ДКЦ)

Дигитална коалиција за зачувување (ДКЗ)

Дигитaлното зачувување вклучува управување со дигиталните информации во подолг период. Генерално се смета дека зачувувањето на дигиталните информации може да бара постојано и континуирано внимание отколку кога станува збор за зачувувањето на друг вид медиуми (Животниот циклус на информациите за Е-литературата, 2006). Потребни се многу време, пари и напори за да се зачува големиот обем на податоци создадени за време на експлозијата при користењето на различни ИТ системи во изминативе две декади. Така што, иако сė уште можеме да го прочитаме нашето писмено наследство од пред неколку илјадници години, дигиталните информации кои се создадени едвај пред една декада, се во сериозна опасност да се загубат и да се создаде „дигитален темен век.“

Моментално, постои голема дискусија, без да даде јасни одговори за прашања кои се однесуваат на дигиталното чување во складиштата. Сепак, постојат повеќе работи кои вреди да се имаат на ум при одлучување за заштита во врска со вашето складиште. Прво, едноставно да се има и најосновната свесност за дигитална заштита е чекор напред во вистинска насока. Обиди се да размислиш за подготвување политика на зачувување за своето складиште.

Може дури и да гледаш на складиштето како на локација за пристап, а не како локација за дигитална заштита на податоци. Сепак, размисли и консултирај се со други агенции за совет.


Стратегии за зачувување

Во 2006, Онлајн-центарот за компјутерска библиотека (ОЦКБ) разви стратегија со четири точки за долгорочно чување на дигиталните објекти кои се состоеја од:

  • Проценка на ризикот од загуба на содржини претставени на различни технолошки начини, како што се вообичаено употребените сопственички формати на фајлови и софтверски апликации
  • Проценка на објектите од дигиталната содржина за да се одреди кој вид и степен на конверзија на форматот или други активности за зачувување треба да се применат
  • Одредување на соодветните метаподатоци потребни за секој вид објект и на кој начин тие да бидат поврзани со објектите
  • Обезбедување пристап до содржината

Онлајн-центар за компјутерска библиотека, Инк. (2006), ОЦКБ Политика за зачувување на дигиталната архива и пропратната документација, стр. 5

Постојат неколку дополнителни стратегии, кои индивидуалните лица и организациите може да ги користат за активно да се борат против загубата на дигиталните информации.

Ажурирање е принцип на трансфер на податоци помеѓу два вида од истиот медиум за складирање. На пример, може да се копираат податоци од старо цеде на ново. Ова треба да се прави периодично поради потенцијалот на физичко стареење на медиумот.

Миграцијата вклучува трансфер на податоци до понови системи, на пример, пренос од МС Виндоус на Линукс. Исто така, може да значи конвертирање на мајкрософт-материјали од ворд или ексел во ПДФ.

Реплицирање е идеја за креирање дупликат копии на податоци на еден или повеќе системи. Можете да размислите да направите копија на вашето складиште и во друга институција.

Емулација е реплицирање на функционалностите на еден застарен систем. Ова може да вклучи редизајнирање и надградување со одреден хардвер за да се пристапи до податоците на медиумот за складирање кој застарел.

  • Share @ Ping.mk