Складиштата и управување со истражувања
Управување со истражување
| Извештај од мрежата за информации за истражувања
Споделување на знаењето: Како и зошто истражувачите од Велика Британија |
Подобрувањето на квалитетот на истражувањето е често клучната стратегиска движечка сила за академските институции и многу често голем напор се посветува на административните процеси, кои прибираат и поднесуваат информации за истражувањето заради проверка на квалитетот. Институционалното складиште има добра позиција за да додаде вредност кон процесот на прибирање информации за истражувања, особено неговата можност да понуди детален и систематски метод на прибирање библиографски информации за публикациите од истражувањата.
ППМ увиде дека дискусиите на институциите често се однесуваат на тоа дали е потребно да се инвестира во централизиран систем на управување со истражувањата или (ЦСУИ) за подобро да управуваат со големиот обем на истражувања кои се спроведуваат. Додека вообичаено складиштето не може да ја исполни улогата на прибирач на информации за целиот процес на истражување, има добра позиција за да стане дел од дискусиите за воведување таков систем. Интеграцијата на складиштето со кој било друг систем на управување со истражување ќе обезбеди долгорочна иднина за складиштата во рамките на институционалната слика на управување со информации.
Покрај потенцијалните придобивки од складиштето при процесот на управување со истражувања, исто така треба да се потенцира дека вклучувањето на истражувањето во складиште со отворен пристап се покажало дека ја зголемува визибилноста и влијанието од работата. Ова веројатно ќе стане мерка за квалитетот на истражувањето во иднина. Иако многу детали сè уште треба да се усогласат, веќе е јасно дека новата Рамка на успешност на истражувањата (РУИ), која ќе го замени РАЕ, ќе стави многу поголем акцент отколку биометриските индикатори за квалитет. Така, следствено, од основно значење е институциите на време да направат планови за прибирање, запишување и следење на податоците за објавените истражувања.


