Драјвери за отворен пристап
| Примери на складишта со отворен пристап низ светот може да се најдат со користење на услугата OpenDOAR. |
Еден од главните драјвери за креирање на дигиталните складишта во Велика Британија беше движењето за отворен пристап. Дигиталните складишта со отворен пристап се онлајн веб-страници каде што авторите или нивните посредници може да депонираат научни публикации, кои секој може да ги чита. Слободниот пристап значи дека нивната содржина е слободна за користење за секого. Па, така тие немаат или не би требало да имаат претплата или регистрација за да се читаат трудовите во складиштата. Сепак, не се сите складишта со отворен пристап, некои имаат безбеден пристап за одредени теми на локални мрежи, локално регистрирани корисници или за специфична заедница.
Литературата со отворен пристап (ОП) е дигитална, онлајн, бесплатна и ослободена од поголемиот број авторски права и ограничувања за лиценци. Дефинициите за отворен пристап од Будимпешта (февруари 2002), Бетесда (јуни 2003) и Берлин (октомври 2003), се централните дефиниции и имаат најголемо влијание врз движењето за отворен пристап. Иницијативата за архиви со отворен пристап (ИАОП) се залага секоја институција да ги направи јавно достапни сите свои истражувања спроведени со јавни финансии. ИАОП движењето има два главни услови за складиштата:
- Складиштето мора да обезбеди слободен пристап до своите содржини (освен ако има правни ограничувања)
- Складиштето мора да обезбеди отворен пристап до неговата метадата за жнеење податоци
Движењето отворен пристап работи на тоа да ги охрабри сите истражувачи кои имаат објавено свој труд (генерално ревизија на дела на свои колеги, но, исто така, и друг вид активности), кој е спроведен со јавни финансии да биде слободно достапен за сите преку складиште. OAI-PMH го овозможува споделувањето на метадатата и онаму каде што е дозволено поставување врски на содржината помеѓу сервиси и тоа е стандард кој го имаат усвоено повеќето складишта. Постојат сервиси кои се оформени специфично со цел да пребаруваат низ складиштата кои го почитуваат OAI PHM, како што се Google Scholar, OAISTER и OpenDOAR Search.
Мандат на основачите
Повеќето основачи на истражувања сега веќе имаат правила со кои депонирањето во складиште со отворен пристап е задолжително за секој грант. Други основачи даваат силни препораки за депонирање, или даваат дополнителни средства за публикација во научен магазин од отворен пристап, или во некој од хибридните магазини кои ги имаат оформено некои издавачи. SHERPA управува со сервис наречен JULIET, кој ги наведува овие правила и препораки во еден список. Може да го проверите овој список за да видите дали одреден основач има барање за отворен пристап за резултатите од истражувањето.


