nav-left cat-right
cat-right

Видови складишта

Дигитални складишта

Оваа инфо-алатка е дизајнирана за персоналот во институциите за вишо и високо образование, кои основаат и управуваат со складишта, за да раководат со широк спектар на содржини, без оглед дали светот може да пристапи до нив или не.

Постојат алтернативи на складиштата, кога станува збор за управување со електронски и со  онлајн-ресурси, но фокусот на оваа инфо-алатка е на складиштата. Едноставно кажано, дигиталните складишта се места каде што се складира дигитална содржина или средства и можат да се пребаруваат за подоцнежна употреба. Складиштето има механизми за внесување, изнесување, идентификација, складирање и наоѓање дигитални средства.

Институционални складишта

Складиштата можат да имаат многу облици и големини, од мали специјализирани колекции до национални и меѓународни сервиси. Фокусот на оваа инфо-алатка е врз складиштата, управувани од институции за вишо и високо образование, на ниво на оддели или институции, што подразбира одредено ниво на посветеност и намера да се вметне употребата и управувањето со складиштето во секојдневното работење.

Складишта со слободен пристап

Истражувачките трудови до кои има слободен пристап бесплатно се достапни онлајн до сите. Поцелосно објаснување за складиштата со слободен пристап е достапно подолу во оваа алатка. Концептот за складишта со слободен пристап е тесно поврзан со истражувачките трудови со слободен пристап, но идејата има поширок тек и е поврзана со концептите за отворени образовни ресурси и дозволувањето на отворена содржина. Немаат сите складишта слободен пристап: некои се направени за поддршка и споделувањето во одредена група. Според тоа, повеќето совети во оваа инфо-алатка се, исто така, релевантни за „затворени“ или автентицирани складишта. Советите во оваа инфо-алатка, исто така, не се ограничени на онлајн-управување со истражувачки трудови, туку се применливи на наставни ресурси, комплети од истражувачки податоци, документи на комитети и други видови содржини.

  • Share @ Ping.mk

Leave a Reply