Инфо-алатката на дигиталните складишта е практичен „како да“ водич кон воспоставувањето и раководењето на дигитални складишта. Алатката содржи информации за широк спектар на теми, кои се протегаат од почетната идеја за дигитално складиште и процесот на планирање, преку детални описи на воспоставување и промоција на складиштето, до одржувањето и тековното управување со складиштето. Главното внимание се посветува на институционалните складишта и алатката ги одразува најдобрите тековни практики во заедницата на складишта.
Овој ресурс е напишан за администраторите на складишта. Не бара никакво претходно искуство во врска со складиштата, и уште поважно, не бара претходно техничко знаење. Алатката може да ја користи секој што има потреба од запознавање со која било од опфатените теми.
Тежнеењата и цели на инфо-алатката се:
Како што секторите за вишо и високо образование во Велика Британија ќе дознаваат повеќе за ефикасната употреба на складиштата, а добрата практика и понатаму ќе се пројавува и ќе се менува, оваа инфо-алатка ќе биде ажурирана. Проектите од оваа област, кои се финансирани од КЗИС (JISC) (Комитет за заеднички информатички системи), се наведени на интернет-страницата на КЗИС.

ЗаднинаПозадина, прашања и повратни информации
При изработката на оваа инфо- алатка беше користена документацијата, водството и стручноста добиени за време на Проектот за поддршка на складишта (ППС). Повеќе информации за настаните во врска со складиштата и понатамошна поддршка може да се најде на интернет- страницата на ППС.
Ако ви е потребна помош за посебни аспекти на складиштата и ако не ја најдете овде, ве молиме обратете му се на тимот на ППС. Тимот, исто така, би сакал да добие коментари и повратни информации за овој ресурс.
Е- пошта: support@rsp.ac.uk
|
Заднина, прашања и повратни информации При изработката на оваа инфо-алатка беше користена документацијата, водството и стручноста добиени за време на Проектот за поддршка на складишта (ППС). Повеќе информации за настаните во врска со складиштата и понатамошна поддршка може да се најде на интернет-страницата на ППС. Ако ви е потребна помош за посебни аспекти на складиштата и ако не ја најдете овде, ве молиме обратете му се на тимот на ППС. Тимот, исто така, би сакал да добие коментари и повратни информации за овој ресурс. Е-пошта: support@rsp.ac.uk |